Што праиме со обртниот момент? Дизелот има значајно повеќе, а по споредбана не изгледа баш нешто во голема предност. Уствари, на стаза (некаде при крај на споредбата), бензинецот испаѓа за 1 секунда побрз. The point is, моментот на моторот се пренесува во момнет на тркала преку менувачот. Во зависност од изборот на преносни односи, и едното и другото возило испорачуваат ист момент/иста сила на погонските тркала. Муабетот на CuoreSportivo159 е дека без разлика што неговата кола има 50-тина % поголем торк, не е во предност во однос на мојата.
Неговиот дизел не е застарен, испорачува 210кс, што е солидна бројка (кај него 200, заради автоматикот, а оние со мануелен се 210кс). Тоа е околу 90кс на литар волумен. Башка, 5-цилиндарецот е убаво избалансиран и вади (ќе ме потепа некој тука на форум за изјавава, знам

) одличен звук при повисоки вртежи. Дури и подобар звук од мојот tbi. И се врти лесно и не е тромав. Но големиот торк, не му носи предност. Со потрошувачка се „тука некаде“, мојот бензинец има сигурно 10-15тина % поголема потрошувачка, а кога неговиот менувач би бил мануелен, веројатно разликата би била околу 20-25%.