И разликата да била поголема или помала во некоја разумна бројка мене не ми менува тоа многу, едноставно се осеќам опуштено кога возам дизел тоа е тоа. Секој со своите искуства нели? Можеби моето искуство е мало па кога ќе возам некој нов Пасат 2.0 тси со три црвени ќе го сменам мислењето. Еве вака треба да дискутираме на оваа тема, без трактори или косилици.
Јас немам пасат тси, јас имам 10годишен атмосферец. Претходно неколку пати патував со дизел, и исто така си мислев за дизелот дека е посигурен или дека влече брзо, итн. итн.
Истиот пат со бензинец кола, никаде не се осетив несигурно кога треба да престигнам некој, или да се плашам дека не влече доволно самата кола. Иако се сомневав како би се однесувала особено на угорниците низ Словенија.
Мој предлог ти е да повозиш и турбо бензинец и турбо дизел од иста генерација една така солидна километража. Бензинец за влечење ќе си влече, стави брзина подолу и ете ти тоа што дизелот го прави "како од шала во секое време". Тука нормално има отстапки од двете страни.
Чекај малку, ти да не го измисли бензискиот или дизел мотор? Или некој од форумов? Па толку на срце си ги ставате овие споредби тоа е чудо невидено. Факт е дека бензин влече помалку во споредба со дизел и тоа е тоа. Тоа засекогаш ќе остане така поради што самиот дизел мотор е поефикасен. Оваа тема требала на самиот почеток да биде отворена со цел на информирање на форумџииве кои се вистинските недостатоци на дизел/бензинец и потоа ние како членови да дискутираме на едно културно ниво зошто бензин би бил подобар избор доколку е користен само во градски услови, зошто дизел би бил подобар ако се зима поголемо возило и такви некои слични безброј дискусии, а не дизелот е само за по нива, чадел или бензинот е косилица или многу било тешко да се смени една брзина подолу. Детски муабети!!! Еве ти биди прв и не реагирај на такви глупости.
Искрено, многу ми е драго што сакаш да внесеш сенс во дискусијава. Меѓутоа, не треба мене да ми се обраќаш дека правам дискусии без осет. Барем јас се трудам до некаде да фрлам и по некој валиден факт тука, за разлика од повеќето дискутанти од типот „возев v10 бензиенц, ама мојот 1.5dci парче го праи на 1000 вртежи“.
Второ во врска со твоево објаснување, за нешто да биде факт, треба да приложиш доказ. Ефикасноста не е во директна корелација со влечната сила, туку со потрошувачката. Ефикасноста се мери според тоа колку внесуваш во системот и колку полезна работа излегува од таа енергија.
Дизел не влече повеќе, туку влече на пониски вртежи. Еве на пример два мотори во Поло:
1.9 SDI (VW) 133 N·m (98 lbf·ft) @ 1,800
1.4 16v(VW) 128/4400 Nm
Ако ја пресметаме снагата по следнава равенка: Power (kW) = Torque (N.m) x Speed (RPM) / 9.5488 тогаш испаѓа следното:
SDI= 25.07KW при 1800 рпм
16V=58.98KW при 4400 рпм.
Заклучокот изведи го сам.
Ти не правиш дискусии без осет (затоа и вака се решив на тебе да ти бишам прв), туку некогаш реплицираш на постови кои што не заслужуваат одговор и потоа се се врти во круг.
Ова ниски вртежи ти е малку релативна работа. Дизелот како агрегат е поефикасен поради повисока компресија. Значи дизелот работи до 4-4.5 обртаи додека турбо бензин докај 6 или атмосферски 6.7 обртаи (горе-доле). Тоа значи дека за дизел 2.000 обртаи е она што и за бензинец е 3.000 обртаи? Ако може така да се изразам. Ја стискам папучата за гас до крај и дизелов тегне и турбо бензинецов тегне. Веќе сум до 3.000 обртаи и претекнав 2 шлепера, а со бензинецот сум на 5.000 обртаи и се спремам да сменам брзина. Тоа колку гориво сум потрошил да го игнорираме може? На мене ми претставува задоволство повеќе дизелот што тегне како што ти викаш од ниски вртежи и притоа не е потребно да сменам брзина. Едноставно звукот на малолитражен дизел (до 2.0 литри да речеме) ми е по рафиниран, привлечен при нормално секојдневно возење. Тоа не значи дека јас ова мислење нема да го сменам ако купам 2.0 турбо бензин, ама првин ќе тестирам и 2.0 дизел од истиот производител. Тебе на пример можеби бензинецот ти прави повеќе ќеф и ти дига адреналин и мислење како такво го почитувам. Ако пак сум на стаза со некој добар бензинец е тогаш батали дизел ќе ми биде ептен досадно и монотоно