Дај му го на брат ти еден месец црвецот да го вози по истата рута, па да видиме. Само тогаш ќе биде колку-толку реална споредбата.
Неговава потрошувачка горе доле се слага и со моите возења, односно кога го имав неговиот на тест неколку дена..
Така и сконтав дека и нема толку огромна разлика во потрошувачката. Инаку ми фали торкот што тој го има. Од друга страна кај мене е некако помазно...
И да направиме прорачунка:
Нисан Кашкаи со највисоко ниво на опрема (горе доле слично со опремата што јас ја имам, освен што он има Keyless, BOSE Audio и Панорамски кров, и кај мене е алкантара, кај него е кожа), 2.0 dCI| 150 ks 4WD, цена: 32000 eur
Honda CR-V 2.0 150 ks Lifestyle официјална цена: 22000 eur, купено е повтино.
Колку треба да заштеди дизелот за да се исплатат 10000 еур разлика во случајов?