Погрешна премиса е затоа што го пропушташ фактот, дека ако менувам на 2500 вртежи со мојот бензински мотор - немам намера да ги користам предностите на истиот и да ги искористам неговите максимални перформанси. Дизелот не е појак, затоа што и дизелот и бензинецот, во тој момент не ги „газам“ со папуша до под. Направи една друга анкета, „колку проценти од времето возите со папуча до под“. Ќе видиш дека никој не ги искористува максималните киловати при одреден број вртежи - поготово ако менува во низок ранг на вртежи.
Ако сакам да искористам повеќе од 15-20кw, бирам друг ранг на вртежи кои ми го дозволуваат тоа. Затоа, бројот на вртежи при кои „најчесто“ луѓето менуваат брзини, најмалку зависи од инфериорноста или супериорноста на моторот.