1. Дали се согласуваме дека дизелот и бензинецот имаат приближно иста снага ако цапнат при 60км/ч до даска гас? (дизелот 68kw, бензинецот 62kw - по твое)? Или ќе викаме дека и понатаму дизлеот е драстично помоќен од бензинецот?
Кој рекол дека е драстично помоќен со двата мотора гас до даска? Јас не.
Драстично помоќен станува кога ќе влезат во игра оние субјективните компоненти (кои ти неќеш да ги признаеш) на непритискање до крај кај бензинецот ради рефлексот за штедење гориво. Но, да го баталиме сеа тоа, I digress...
2. Дали се согласуваме дека притискањето на гас е да се оствари некое забрзување и да се стигне до одредена погоелма брзина (да речеме до 120км/ч)?
Сигурно.
3. Дали може од графикот да се види колку KW би имало секое возило, да речеме на секои 10км промена на брзина?
Сигурно - доколку останат у иста (четврта брзина).
4. Дали може да се види колкава е снагата на крајот на постигнатиот резултат?
Сигурно. Ако останат у четврта - бензинецот ќе биде појак.
Ако на овие прашања можеш потврдно да одговориш, баш ме занима како дојде до заклучок дека ќе бидат „тука некаде“?
До заклучокот дојдов претпоставувајќи дека до 120 на саат возачот ќе смени брзина, дека нема да го цевчи у четврта. Не забаај сеа и ти. На аутопут возиш 120 у четврта?? Не заебаај.
Веќе при 80км/ч (бензинец 3150, дизел 2850 вртежи), се изедначени, при 100км/ч (3500 бензинец, 3167 за дизел) веќе бензинецот има околу 10кс предност, а при 120км/ч дизелот нема душа, а бензинецот има добри 20KW предност и на тоа тури уште 15тина KW резерва и тоа од 5000 до 6000 вртежи. значи, ако дизелот претица 2 шлепери, ќе стигне во 4-та до 120, за да продолжи ќе треба во 5-та да уфрли (dsg може да биде спас), ама па тука снагата му паднала, забрзувањето е помало, жива мука на кривулест пат, додека бензинецот, ќе си остане во 4-та брзина, ќе си отиде до 180 во истата брзинам, без око да му трепне.
Е тоа е реален живот.
Не, не е реален живот, пошто подразбираш дека ќе останеш у четврта до 120 на саат. А глеј луѓено на гугл што убаво си кажуваат на колку мењаат. И тоа, пази, цитатите ги зедов од vtec форум!