Широко и пасат веројатно (претпоставувам) имаат различни димензии на гуми, тука паѓа математиката анлесс имаат исти.
се согласувам
за да СТИГНЕШ до 120 треба да одработиш. Кој од овие два мотори (mwa! и на тебе) одработил побрзо? И зошто?
Во твоето суперреалистично сценарио со старт од 60 у четврта, све ми се чини дека ќе бидат тука-некаде, и покрај тоа што бензинецот има охохо поголема коњажа у црвеното.
4200 вртежи не се у црвено, 6500 и нагоре е црвена зона
Значи:
1. Дали се согласуваме дека дизелот и бензинецот имаат приближно иста снага ако цапнат при 60км/ч до даска гас? (дизелот 68kw, бензинецот 62kw - по твое)? Или ќе викаме дека и понатаму дизлеот е драстично помоќен од бензинецот?
2. Дали се согласуваме дека притискањето на гас е да се оствари некое забрзување и да се стигне до одредена погоелма брзина (да речеме до 120км/ч)?
3. Дали може од графикот да се види колку KW би имало секое возило, да речеме на секои 10км промена на брзина?
4. Дали може да се види колкава е снагата на крајот на постигнатиот резултат?
Ако на овие прашања можеш потврдно да одговориш, баш ме занима како дојде до заклучок дека ќе бидат „тука некаде“?
Веќе при 80км/ч (бензинец 3150, дизел 2850 вртежи), се изедначени, при 100км/ч (3500 бензинец, 3167 за дизел) веќе бензинецот има околу 10кс предност, а при 120км/ч дизелот нема душа, а бензинецот има добри 20KW предност и на тоа тури уште 15тина KW резерва и тоа од 5000 до 6000 вртежи. значи, ако дизелот претица 2 шлепери, ќе стигне во 4-та до 120, за да продолжи ќе треба во 5-та да уфрли (dsg може да биде спас), ама па тука снагата му паднала, забрзувањето е помало, жива мука на кривулест пат, додека бензинецот, ќе си остане во 4-та брзина, ќе си отиде до 180 во истата брзинам, без око да му трепне.
Е тоа е реален живот.
за болдираното... те читам дека повеке пати го нагласуваш ова како ошти заклучок... зашто таков заклучок донесуваш?
oд често гледање у обртомерот кај бензинците
..............
"i usually do it at around 2.5k ( . . . ) i rarely go up to 3.5k"
..........
(ова горе се све изјави на бензинци, да нема забуни. во целост се согласува со моите обзервации)
и не е заклучок (за заклучок требаат премиси) туку обзервација. друго е „заклучок“.
Добро е, 2500 е бројот на вртежи каде покажавме дека бензинецот има иста или поголема снага од дизелашот ако возат во иста брзина и со иста брзина. Се` е во ред. Се` над 2500 вртежи се резерви на снага во однос на дизелите.