Не сум поседувал и не сум возел Алфа,така да не сум воопшто компетентен ни да споредувам,ни да судам ни да напаѓам.Едноставно од мубети цело време се наметнува правилото дека Алфа е расипливо возило,мислам дека е истиот случај и кај француските возила.
Моето искуство со француските возила е позитивно и немам намера да го променам моето мислење.Возам,чувам и одржувам кола како мало дете можеби и затоа немам проблеми.Мислам дека доколку на секое возило верно му служиш и тоа ќе ти возврати со иста мера,барем тоа е мојата пракса низ годините.
Тоа што на некој не му се погодило возилото немора да значи дека е случај кај другите,тоа што некој не е задоволен од 1.5 не значи дека важи и за другите.
Уште еднаш ќе повторам дека возев 2 возила од различен бренд со 1.6 бензиски мотор и морам да признаам дека дизелчево за кое и јас рака на срце бев голем скептик,ги надмина моите очекувања.
Ги задоволува моите потреби,очигледно немам некој тркачки афинитети како некој со 1.4 бензин на плин нормално,зошто бензин е грев да го возиш на бензин.
На почеток признавам дека ми беше чуден торкот и турбо лагот кои го има дизелот и ми требаше време да се навикнам ,ама сега со правилно дозирање на гаста и те како подобро фунционирам,и воопшто не ми смета,туку ми годи.
Уживам во моето возило за помалку пари,па искрено ич не ми чуе што некој мисли.Ако слушав муабети,сигурно немаше да возам рено дизел,ќе возев некој "бесен" атмосферец се разбира конвертиран на плин.
Пичете,свиркајте,возете си што ви е ќејф и мислам дека е безмислено да се натегаме повеќе на темава зошто навистина е премногу заморно и едноставно нема крај.