А исто сте ставиле? Не ја разбирам меркава. Иначе со исто темпо може да возат многу коли.
Смеј се Дени, смеј се.
Томи застана во Струмица да дополнува гориво. Јас дополнив на влегување во Скопје. За 1800 денари.
Granted, Томи има 230 коња, јас имам 140, али генерално возевме со исто темпо и во исти услови и брзини.
И колку испадна неговата потрошувачка а колку твојата?
Јас тргнав од Скопје со полн резервоар гориво. На враќање дополнив гориво за (грубо) 1800-1900 денари, не се сеќавам нај-точно. После вкупно 500 километри.
Томи тргна од Куманово со (претпоставувам, не можам да тврдам) со полн резервоар гориво. Во Струмица (после околу 230 километри) Томи дополнуваше гориво.
Возевме помалку или повеќе со исто темпо, односно во исто време тргавме и во исто време пристигнувавме на локациите.
Значи ти си дополнил окулу 27 литри за 1900 денари под претпоставка дека дизелот бил 70 денари за 500км што не нешто ситно над 5 литри.
Ако претпоставиме дека резервоарите се по 50 литри и Томи во Струмица дополнувал гориво значи дека на пример него му потрошил да речеме 30 литри па имал потреба да дополнува за да не остане без гориво за изминати 230 километри што е некаде 13 литри.
Сигурен сум дека не било така како што кажуваш дека било. Така да муабетот не ти држи вода. Тоа што бензинецот „дополнувал“ гориво од Х причини не значи дека со исто темпо бензинецот троши повеќе.
Ние кога бевме цела фирма на тимбилдинг од Скопје до Струмица возевме сите 130 на автопат во колона а на магистралниот пат по знаци +10 до 20км/ч. Одевме (од тие возила кои имаа борд компјутер) Туарег 3.0 ТДИ, Тигуан 2.0ТДИ и Твингото мое. Твингото потроши во просек 5 и потроши најмалку од трите возила. Туарегот со тоа темпо на таа рута обавезно троши 8-12 литри зависно како се вози. Тигуанот троши приличлно помалку, не сум сигурен колку но над 5 литри на истата рута.
100 пати сме рекле, тука сме, имаме воља може да мериме. Вакви глупости трескање како во стилот дека „бензинец со галење трошел повеќе од дизел со стискање“ само прави мајмуни од дизелското
хард кор лоби. Ова треба да е форум а не место за водење на војна меѓу две страни првачиња. Скоро сите сме имале дизели и бензинци или пак искуство со истите. Цел овој муабет е мерлива работа. Ако сакате да правиме сериозен муабет еве ќе пробаме, ќе истестираме и ќе измериме.
Ова е тоа. Моментот на вистината.
Ти ли ќе кажуваш вистини?