*Извинење за дабл пост, дизелашите си заслужуваат посебен

Ахааа, затоа ли се повеќе од една ставка?
Не туку зошто е фор дамис, а тука си имаме работа со експерти.
Okolu bukata...
Kalibrata so fabricki izduv i katalizator bese edno 30% potivka od Mercedesot koj sto go vozev...i niz grad, i na otvoreno.
30, велиш?
Со кој метод ја одреди гласноста?
Дали се работи за dBU или dBFS?
Дали се работи за 30% помалку субјективна или објективна јачина?
Дали беше земен предвид прагот на шумот и колку изнесуваше?
Ваква егзактна бројка не се онади туку така, без да се приложи опис на методот на мерењето.
Тоа ќе мора да го прашаш Стратро. За мене Стратро е еден од по кул дечките на форум, ретко трола и е еден од ретките на кои му верувам ( во постовите).
Исто како што му поверував за тегнењето, потрошувачката и фалењето на истата Мечка што е 30% погласна според него.
А пази, спорташ VS господин. Нејсе.
А според мене, еве тука едно аматерско
ривју, па ако имаш време може да го читнеш.
Она што се однесува до моето одредување на гласноста се содржи во следниот пасус:
Моторот при одржување брзина е тивок. Навистина. Но не би рекол дека е потивок од мојот бензинец. И кај двата модела буката ја прават тркалата и ветерот, за бука од мотор не станува збор. Со тоа што кај новиот Леон надворешната бучава е подобро изолирана. При забрзување сепак го има тој специфичен длабок, брундав звук и специфичото осеќање на тресење на педалот за гас. Не е тоа тресење нога да ти падне, минимално е, ама кај бензинчето го нема. И сепак не би го споредил звукот со бензинчето. Не му доликува. Башка, кај бензинчето некој посебен мерак прави кога ќе заврти до кај 6000 и тоа со леснотија (а докај 4500 влече паксимално). Еластичноста е на страната на дизелот. За на автопат е мерак, стискаш гас и иде. Но, на обичен магистрален пат, сепак ако сакаш повлекување како што треба, треба да смениш еден степен надоле (нормално ако си крузинг мод, не ако си над 2000). Како и кај бензинчето. Посебен мерак, тоа мора да го истакнам е 6-тата брзина кај дизелчево. 170 на автопат при 2700врт/мин. И после ќе троши 5, епа ќе троши.
И не, не мерев со аудио опрема ниту во воздушен тунел, но немав потреба да се лажам сам себе
