@ZokiPet
Целиот муабет кој пробав да му го прераскажам на ФилипВ и ЛошиПатишта е дека моќноста зависи линеарно од вртежниот момент и бројот на вртежи и дека речиси е подеднакво глупо и нерелевантно да се споредуваат два мотори според една единствена точка од било која од тие две функци, т.е. според декларианата максимална моќност односно декларираниот максимален вртежен момент.
Муабетот на Филип беше дека со преносотот можел да го промени вртежниот момент на тркала, а моќноста ќе му останела иста што е неточно бидејќи со промена на брзината ќе го промени и бројот на вртежи поради што во секој случај ќе ја промени и моќноста.
Мојата изјава (со корегиран србизам) "НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГО СМЕНИШ ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ НА ТРКАЛА БЕЗ ДА ЈА ПРОМЕНИШ И МОЌНОСТА НА ТРКАЛА" е апсолутно точна (освен во специјално претпоставен случај каде промената на вртежниот момент ќе биде еднаква на 1 поделено на промената на бројот на вртежите).
А исто апсолутно точна е и втората (со корегиран србизам) изјава „НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГО СМЕНИШ ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ НА РАДИЛИЦА БЕЗ ДА ЈА ПРОМЕНИШ И МОЌНОСТА НА РАДИЛИЦА И НА ТРКАЛА“
Односно секоја промена на вртежниот момент и/или на бројот на вртежи имплицира промена и на моќноста.
Постови наназад ја објаснив релацијата на моќноста со вртежниот момент и бројот на вртежи, ама се фативте за аголна брзина со која математички е посложено да се прикажат тие ралции...
Аголната брзина w во рамина е промена на аголот во однос на времето односно
w = df / dt, каде df e елементарна промена на аголот изразена во радијани која се прави за елементарно време dt изразено во секунди.
Еден вртеж формира еден круг односно 2 * pi радијани.
Ако тој вртеж се случува за една минута тогаш 1RPM = 60 * 2 * pi Rad/Sec
Да скратам, ако ја имаш кривата на вртежниот момент во зависност од бројот на вртежи, моќноста едноставно се пресметува со оваа формула:
P(f) = (M(f) * f) / 7100, каде M(f) е вртежниот момент при f број на вртежи. Притоа P(f) e изразено во BHP (коњи), а M(f) во Nm.