Карактеристиките на моторот не се променуваат со менувачот, тој секогаш ке има исти Снага [KW] и исто вртежен момент [Nm] за даден број на вртежи без разлика од менувачот.
Токму така менувачот не ги менува карактеристиките, но кога ќе промениш брзина го менуваш бројот на вртежи, а тоа резултира со промена на моќноста на моторот добиени и на радилица и на тркала, како што објаснив малку погоре.
Промената на вртежите е последица на твојата желба да го доведеш моторот во пооптимален режим на работа заради условите во моментот на експлоатација.
Промената на вртежите можеш да ја направиш и без промена на степенот на пренос и моторот да го доведеш во позиција да произведува поголема моќност.
Тоа што менувачот го променува е наќинот на кој што овие карактеристики се пренесуваат до тркалата.
Точно. Менувачот во различни брзини има различна инерција и загуби. Истото тоа се гледа на графикот погоре каде се направени мерења на еден ист автомобил во 5-та и 4-та брзина и добиени се различни графици за вртежниот момент и моќноста.
Добиените разлики на Max Power заради различниот степен на пренос се 2,4% и се ред на величина помали од номиналната вредност т.е. занемарливи. Се должат главно на загуби во преносот зашто мерењата се вршени на тркалата. Ако менувачот ја променуваше снагата а не само силата тогаш разликите ке беа многу поголеми од 2% зашто пренисниот однос помеѓу 4 и 5 брзина е многу поголем од 2,4%.
Со промена на понизок степен на пренос се редуцира аголната брзина, а за сметка на тоа се мултиплицира вртежниот момент на тркалата за константа брзина на моторот. Со тоа се добива поголема сила на тркалата.
Не го сватив делот со мултиплицирање на вртежниот момент. Со промената на аголната брзина се менува вртежниот момент но не со некооја проста формула на множење туку таму играат улога миљарда фактори (времето на отварање и затварање на вентилите, палењето и предпалењето, дозирањето на гориво, компресијата и многу други). А тоа можемме да го видиме од графикот погоре каде се гледа дека вртежниот момент е сложена крива.
Не си го сватил зашто си го пропуштил болдираниот дел.
Карактеристиките на моторот дефинитивно се дадени преку графикот и тоа е карактеристиката на моторот за
Вртежен момент / број на вртежи. Тоа е техничка карактеристика на дадениот мотор и не постои менувач кој ќе ја промени. Затоа снагата т.е. моќноста на моторот константна
за одреден број на вртежи на моторот. Не постои менувач што тоа ќе го промени, а ако постои тогаш е Перпетуум мобиле. Менувачот само ја редуцира/мултиплицира дистрибуцијата до тркалата.
Ако крајниот преноцен однос i=1 тогаш дистрибуираната сила т.е. момент од радилица ќе биде иста и на тркалата (намалена за загубите - клима, алтернатор, пумпи, фрикција...)
Кај Гојдо снагата (одомаќинет србизам) мислам дека е всушност силата и во тој случај е во право.
Снага на српски е моќност на маедонски, и јас каде што сум пишал снага мислам на моќноста.
Ако си мислел така, тогаш е погрешно.