Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2540902 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11520 на: 05 Септември 2013, 08:18:23 am »
Токму така, а максималната моќност не е репрезент за ватите, па така не е ни релевантен критериум.

Tуку на што е ако не на ватите? На фарадите? Луксите?

И моќноста се конвертира со мењач. На пример возиш на 3000 вртежи во 5-та и убацуваш во 3-та каде обртот се крева на 4500 вртежи. Автомацки имаш повеќе моќност. Не заборавај дека моќноста е производ од вртежниот момент и вртежите.

Но не повеќе од максималната на радилица. Ватите се истите - од радилица па до тркало (минус загуби), без оглед у која брзина си. (не застанувај со читање!) За разлика од тоа, моментот на тркало може да биде и многу поголем и многу помал од оној на радилица. Ако на радилица имам 100 Nm, со соодветен менувач на тркало можам да имам и 1 Nm и 10000000 Nm. Но, ако на радилица имам 100 kW, не постои менувач со кој на тркалото ќе извадам 101 kW.

Моментот се менува низ драјвтрејнот, но ватите не. Затоа, ватите се добар основ за споредба, а моментот не е. Од радилица до тркало ватите НЕ СЕ менуваат, моментот СЕ МЕНУВА.

А каква врска има колку чини конкретното возило? Зборевме за моќност, а не за цени на возила.

Кога споредуваш, шознам, две графички, која е поентата да споредуваш картици од 20 и 2000 евра? Сигурно дека таа од 2000 евра е подобра. Нема што да дискутираме тука. Има смисла ако споредуваме, да речеме, ATI и nVidia кои имаат слична цена. Таа е правата споредба. Таа е споредбата за која има смисла да се дискутира. Таа е дилемата во која реално доаѓаш кога купуваш картица - имаш одредена сума пари за трошење и се двоумиш што да купиш. Ако имаш 2000 евра за графичка, сигурно нема ни да ја погледнеш таа од 20 евра.

Што ти значи тоа максимална моќност за зададени вртежи?

Moќност со педала до под. На 3000 рпм може моторот да продуцира нула вати (при моторно кочење на удолница), но може да продуцира и колку што вика графикот (со педала до под).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11521 на: 05 Септември 2013, 08:37:16 am »
Не врват сите по 5000км годишно.

според мое мислење ПОВЕЌЕТО не ни возат повеќе од тоа... можда 10 нек бидт, пошто во 90% случаеви на луѓе што доаѓаат кај нас во сервис муабетот е тој... помеѓу 6 и 12к километри годишно проаѓаат, значи просекот е 9 ама ај нека биде 10 да заокружиме. во останатите 10% се луѓе што проаѓаат повеќе од тоа и во принцип тоа се таксисти, дистрибутери или други професии и пола од нив се комбиња... па удрете рачун сега...

затоа и целото ова напињање за дизелот кој реално има само една поволна работа а тоа е поекономично возење, ми е смешна... какви точки какви глупости на зенит на снага и дрн дрн дрн...

и самите закоравени дизелаши (тројцата тролови на темава) цело време велат дека луѓето ретко или ич ја постигнуваат максималната снага на возилото и според тие зборови више АПСЛУТНО не е битно кој е појак и посилен... џабе графикони, џабе слики, џабе пресметки, џабе се... единствената и апсолутна предност на дизелот е помала потрошња во пари која повторно паѓа во вода одкако ке пресметаш колку годишно заштедуваш во однос на набавната цена и на крај така ке шлапне на нај ниско ниво истата кога ке сватиш дека за 500 евра дополнително се вградува плински уред кој ке ја искине и таа потрошња, бидејки во тој момент бензинецот станува поекономичен и од дизелот...

што би се рекло народски: џабе мауабетот, џабе пувањето...

фала многу пријатно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11522 на: 05 Септември 2013, 08:51:13 am »
и самите закоравени дизелаши (тројцата тролови на темава) цело време велат дека луѓето ретко или ич ја постигнуваат максималната снага на возилото и според тие зборови више АПСЛУТНО не е битно кој е појак и посилен...

Премисата ти е добра, но заклучокот (текстот кој доаѓа после „според тие зборови...“) не е.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11523 на: 05 Септември 2013, 09:02:29 am »
јок твојот е...

ти ли ке отценуваш дали е или не? по кои критериуми ти отценуваш? по лични убедувања? не си доволно кредитиран за да имаш право да одлучиш дали е или не е текстот добар со или без премисата... се прашувам само кога ке го сватиш тоа?

а што се однесува до текстот, знам дека ти е тоа болка, но сепак тоа се факти за плинот, цената на истиот и цената на возење на секое возило... и сами тука турате графикони за потрошња, па пресметајте си...

едит...

пример од мене за моето возило:

волво в70 2.5

дизелот троши 9-10 нафта
бензинецот троши 11-12 плин

ај сега сам пресметај... скоро ПОЛОВИНА поевтино е да возиш на плин одошто на нафта...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11524 на: 05 Септември 2013, 09:10:13 am »
ти ли ке отценуваш дали е или не?

Па сигурно дека ЈАС ќе оценувам што ЈАС мислам.

по кои критериуми ти отценуваш?

По овој:

1. Мислам дека колите ретко или никогаш достигаат максимална коњажа (ова е премисата која јас ја кажав)

2. НЕ мислам дека максималната коњажа е небитен податок (ова е конклузијата која ја извлече ти, но никој не ја кажа, и е погрешна)

Максималната коњажа сигурно дека е битна, и покрај тоа што не се постигнува никогаш. Ако колата у просек користи 50-тина посто од максималната коњажа (не ме фаќај за бројката, од памет ја лупам), тие 50 посто ќе бидат повеќе кај кола со поголема максимална коњажа, не знам што е тука нејасно.

Мојата теза (за која би дискутирал, не го презентирам како непобитен факт!) е дека кај дизелите, заради пониската потрошувачка, тој процент на реална искористивост на снагата е поголем отколку кај бензинците.

знам дека ти е тоа болка

?? :)

Се согласувам дека економичноста на возење на плин е споредлива со цената на возење на дизел, така да не ме убедувај у нешто што веќе сум убеден, нема потреба.

Само сметам дека цената која се плаќа за тоа (компромитиран гепек, мал домет и додавање на SPOF-ови во моторот...) за некои примени на автомобилот е неприфатлива. За некои е сосем прифатлива - возење низ град до работа и самопослуга, или патување на кратки дистанци.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11525 на: 05 Септември 2013, 09:11:45 am »
Tи имаш кратка меморија.
Напротив имам многу добра меморија. За разлика од мене ти имаш селективна амнезија, се сеќаваш само на работи кои ти одговараат во дискусиите.

Цитат
Ако си ми кажал 1000 пати за максималната моќност, јас ти имам одговорено 1001 пат дека токму на максималната моќност мислам и зборувам, и дека намерно тој збор го изоставам во секојдневната комуникација, затоа што се подразбира и нема потреба да се потенцира.
Ако тоа што го пишуваш се однесува до мене треба да го пишеш по ПП, а не на јавен форум каде покрај мене читаат уште 5000 читатели.
Зошто максималната моќност ја нарекуваш моќност кога тоа се две сосема различни работи кои не можат да се споредат? Претпоставувам дека не е случајно, туку е исклучиво во функција на твојата света тролска задача да шириш FUD.

Значи во изминативе 4 години, ова ти беше единствен аргумент.  А не е никаков аргумент, туку спор околу називот. Tвој спор, го имаш ти. Спорот го губиш, затоа што НИКОЈ снагата (или моќноста) на моторот не ја дефинира како максимална моќност, таа се подразбира. Јас 1001 пат на темава објаснив дека споредувам возила со иста максимална моќност, но зборот максимална го изоставам во пишувањето, но ти остана глув и слеп 1001 пат. Немаш аргумент, па се фаќаш за името, и пак си грешка, еве види си сам:

Еве како Peugeot ја дефинирa моќноста:





Еве како Mitsubishiја дефинирa моќноста:





Еве како VW ја дефинирa моќноста:





Еве како Mercredes ја дефинирa моќноста:





Еве како Citroen ја дефинирa моќноста:






Цитат
Дајно мерењата се оние кои покажуваат дека дизелот има многу добра крива на торк, односно искористилива моќност во рангот 1500-4300 рпм.
И повторно тролање и ширење дезинформации, народски познато како јадење гомна. Со дајно можеш да споредуваш два или повеќе мотори без разлика дали се дизел, бензин или нешто друго. Во контекст на кажаното дајното покажува дека бенизнот има многу добра крива на торк, односно искоритлива моќност во рангот 1500-5500RPM.

Уствари ако земеме два современи мотори едниот дизел, а другиот бензин, бенизнецот е далеку поагилен има поголем торк и многу поголема моќност во сите можни сценарија, а воедно е и потивок. Единствена предност на дизелот е само економичноста.

Во контекст на ова ќе наведам неколку прости примери:
1.4TSI -170 е многу многу помоќен од било кој 1.4 турбо-дизел
1.75TBI е многу многу помоќен од било кој 1.8 турбо дизел
2.0 I4T (оној од AMG45) е бар двојно помоќен од било кој 2.0 турбо дизел

И на крај се класифицира во групата на оние што споредуваат мотори по кубикажа. Ок, твој избор :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11526 на: 05 Септември 2013, 09:16:28 am »
И на крај се класифицира во групата на оние што споредуваат мотори по кубикажа. Ок, твој избор :)

Да, и мене ми го скрши срцето со тоа... А иначе паметен дечко.  :(

Eдит: овие од мицубиши треба да си го сменат лекторот: моќноста ја нарекле сила (матерјална грешка), а вртливиот момент обртен (јазична грешка).

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11527 на: 05 Септември 2013, 09:16:52 am »
според мое мислење ПОВЕЌЕТО не ни возат повеќе од тоа... можда 10 нек бидт, пошто во 90% случаеви на луѓе што доаѓаат кај нас во сервис муабетот е тој... помеѓу 6 и 12к километри годишно проаѓаат, значи просекот е 9 ама ај нека биде 10 да заокружиме. во останатите 10% се луѓе што проаѓаат повеќе од тоа и во принцип тоа се таксисти, дистрибутери или други професии и пола од нив се комбиња... па удрете рачун сега...

затоа и целото ова напињање за дизелот кој реално има само една поволна работа а тоа е поекономично возење, ми е смешна... какви точки какви глупости на зенит на снага и дрн дрн дрн...


Тогаш зошто сите косилици наместија плин?

Дури и најслабата косилица на форумот со 0.8 литри и 33 кс, 700кг која минува 5000км годишно намести плин. Сите наместивте плин бре коисиличари ни едни, а не ви била битна потрошувачката. Хаха самоубиство пак.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11528 на: 05 Септември 2013, 09:19:14 am »
Затоа што е добитна комбинација во која немора да имаш дизел.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11529 на: 05 Септември 2013, 09:26:11 am »
Затоа што е добитна комбинација во која немора да имаш дизел.

Добитна комбинација? Нужно зло е тоа, си заглавил со косилица која троши многу, и која троши скапо гориво. Не можеш да ја продадеш и што ќе правиш? Ќе ја дупиш и ќе и ставиш плин. Ќе ја ебеш колата, ќе ја направиш мопед, неуптреблива, да не можеш ни на одмор да појдеш со неа. Ма каков одмор, ни на пазар не можеш да појдеш, ни пиперки за ајвар не можеш да купиш. Башка и го земаш здравјето на колата, затоа што моторот ќе помине и до 10 пати помалку од предвиденото. Значи ЦЕЛА кола ебавате само и само да ги поминете тие 5000км годишно ПОЕВТИНО. И после не ви била важна економијата. Кои сте вие тролови еееј!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11530 на: 05 Септември 2013, 09:29:56 am »
Јастрошам помалку у пари од ауди 1.9 тди пример. За влечење убаво си влече. На 3 одмори до сега со нејзе бев и топ си е. А ти си имаш проблем другар, самиот мозок те лаже изгледа. Плинов растури не за џабе, не се будали сите. Немој да мислш дека си најпаметен, ужасно ќе згрешиш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15124
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11531 на: 05 Септември 2013, 09:31:59 am »
Ако е за така,јас(лично јас)поќе трошам од Алфа 3.2. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11532 на: 05 Септември 2013, 09:33:20 am »
Јастрошам помалку у пари од ауди 1.9 тди пример. За влечење убаво си влече. На 3 одмори до сега со нејзе бев и топ си е. А ти си имаш проблем другар, самиот мозок те лаже изгледа. Плинов растури не за џабе, не се будали сите. Немој да мислш дека си најпаметен, ужасно ќе згрешиш.

Да појдеш уште на 50 одмори со неа. Друг е проблемот. Се правите дека економијата не ви е важна, дека за 5000км годишно не е битно колку троши, а испаѓа дека вие цела кола си ја ебавате за да ги помините тие 5000км годишно ПОЕВТИНО.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11533 на: 05 Септември 2013, 09:36:44 am »
Ти мече најглупи муабети тераш. Што имаврска ти колку трошиш. Што има врска ти што правиш. Иди види во скопје како е ситуацијата или општо мнозинствотот. Најинтересно е што таксистите кои им е најважна економијата тераат на плин. И тераат бачко многу.  

Јастрошам помалку у пари од ауди 1.9 тди пример. За влечење убаво си влече. На 3 одмори до сега со нејзе бев и топ си е. А ти си имаш проблем другар, самиот мозок те лаже изгледа. Плинов растури не за џабе, не се будали сите. Немој да мислш дека си најпаметен, ужасно ќе згрешиш.

Да појдеш уште на 50 одмори со неа. Друг е проблемот. Се правите дека економијата не ви е важна, дека за 5000км годишно не е битно колку троши, а испаѓа дека вие цела кола си ја ебавате за да ги помините тие 5000км годишно ПОЕВТИНО.

Фала.

Нема ебавање, Ако се намести се како што треба се е супер. Џабе ли со фирмиве склучиле договор под гаранција со плин да ги продаваат колите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15124
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11534 на: 05 Септември 2013, 09:38:36 am »
Истотака таксистите тераат и на нафта,и тоа тераат истотака многу.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D