@Loshko, Aјде и ти читај. Зошто Giulietta се нуди со фабрички систем ако е така?
http://www.alfaromeo.it/it/#/promozioni/1Ако возилото е предвидено да работи на лпг од фабрика, тогаш е 3 пати подобра варијанта од соодветно дизел возило, што се однесува до економичноста. Европските влади, нудат огромни парични поволности ако сакаш да купиш, или ако сакаш да го конвертираш своето возило на LPG. Така да, инсталацијата ќе те фати беспари, а понатаму само штедиш во однос на бензин и во одннос на соодветен дизел.
Еден член смени вентили, но под сомнение дека е од плинот, чоекот си праша, му беше одговорено дека не е познато за проблеми со тој тип возило и ЛПГ.
Како и да е, еднаш објаснив, веројатно си пропуштил. ОД ЛПГ не горат вентили. ОД ЛПГ настанува рецесија на лежиштата на главата и се случува вентилот цело време да допира на брегот од брегастата, а не само на врвот од брегот, со тоа моторот нема добра компресија, и тогаш почнуваат проблемите (и горењето на вентилите).