Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2538863 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11340 на: 03 Септември 2013, 16:58:12 pm »
Значи атмосферскиот дизел е подобар од атмосферскиот бензинец со иста снага.

Има повеќе сила низ долниот опсег. Исто како што атмосверски бензинец има повеќе сила од атмосверски бензинец со ист максимален торк.

Проблемот со таквите споредби е дека не се среќаваат мотори со такви карактеристики на продажба за иста цена. Ниту пак можеш да пикнеш во ист габарит дизелски мотор со иста сила како бензинец.

Не е истата. Аутпутот на морот се ватите. Моментот се конвертира со менувачот. Со помош на соодветни запчаници, од 1 њутнметар на радилица можеш да добиеш 10е6 њутн-светлосни години на тркалото. Но, со ниту еден менувач не можеш од 10 киловати на радилица да направиш ни 11 киловати на тркалото. Ватите се исти низ целиот drivetrain (минус загуби, се разбира).

Не е тоа поентата што сакав да ја доловам, престани да размислуваш како дизелаш бар за момент. Нема бензинец и дизелаш со исти декларирани KW моќност за иста цена и зафатнина. Затоа таа споредба е тотално без врска кога се дискутира за градско возило и е исто толку без врска како таа втората што ја предложив како контра во корист на бензинците.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11341 на: 03 Септември 2013, 17:12:16 pm »
Ја ќе му кажам, „свој чоек си, голем си... размисли си убаво кај си и што си. Ја да ги имам парите, би го купил бензинецот.“

Е многу ќе му помогнеш. Он се интересира каква кола ЗА СЕБЕ да купи, а не каква кола ТЕБЕ да ти купи ебаго...

И што? Нема да го потпрашаш за што му е колата? Колку ќе ја вози? бла бла? Ништо од тоа нема да те интересира? Во СЕКОЈ случај бензин за него е бољи?

Дај симо...
ne gi seci drvata :)))

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11342 на: 03 Септември 2013, 17:21:33 pm »
престани да размислуваш како дизелаш бар за момент.

Колку пати да повторам дека ја не сум против бензин, туку против АРГУМЕНТИТЕ кои ТУКА ги нижат навивачите за бензин? 10? 100? Илјада пати?

Колку пати да кажам дека сум купувал/возел/одржавал и бензинци и дизели?

Да имаше толкаво навивачко про-дизел лоби и да нижеа слично фалични аргументи во заслепената одбрана на дизелите - и на нив ќе им се пуштав подеднакво. Дали ова го разбираш? Што значи да си против бензин од една, и против про-бензин аргументите од друга страна? Или пак џабе везам?

Нема бензинец и дизелаш со исти декларирани KW моќност за иста цена и зафатнина. Затоа таа споредба е тотално без врска

Кој рекол дека има?

Јас не.

Јас викам дека ИЛИ ќе ги споредуваме по коњажа ИЛИ по цена. Исклучиво „или“, xor. Не, не може по торк пошто торкот се конвертира.
 
Ако сакаш да дискутираме, читај внимателно што пишувам.

таа втората што ја предложив како контра во корист на бензинците.

Таа втората што ја предложи (едначење по момент) е фундаментално различна од споредбата по коњажа: моментот се менува, но коњажата не.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11343 на: 03 Септември 2013, 17:25:30 pm »
Единствена маана на атмосферските дизели е што се со релативнп ниска снага, неможеш да најдеш помоќен од 100кс. За одржување атмосферските дизели се најблиско нешпто до перфекција, нема потрошни делови, нема редовни и нередовни сервиси, само масло и филтри.
Не збори само од инат. Многу близок роднина има Peugeot 206 1.9D, купена на ново во 2000год. Моторот ЗАРИБА на 19km (не 19.000). Мислам дека е 70hp и не може да се очекува дека ќе пружи нешто повеќе од адекватен бензинец. И немојте со муабетите дека зависи од тоа како е одржувана колата, зошто оваа е многу подобро од тоа што налага фабрика. Сепак тоа со издржливоста зависи како ќе ти се погоди, премногу генерализираш.  

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11344 на: 03 Септември 2013, 17:30:22 pm »
@filipv, без разлика на твојата грижливост околку смислувањето на начините за убедувања дека  гласањево погоре не е релевантно, јас сеуште го сметам за релативно релевантен показател за тоа која технологија е подобра според мислењето на гласачите. Ad populum, или според народот, сеедно, доказот е тука. Има тежина, иако ти сакаш да го негираш тој податок.
Што се однесува до совет кој треба да го дадам за било кој, што треба да потроши 15.000 или повеќе евра, ќе останам апсолутно резервиран и може само да добие мислење како јас би ги потрошил кога би располагал со парите. Се` останато е неблагодарно.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11345 на: 03 Септември 2013, 17:35:42 pm »
Симо, како реално ти би ги потрошил 25.000 евра за кола?

Ова би требало да разјасни повеќе работи. Еве и 3 опции дај, на пример.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11346 на: 03 Септември 2013, 17:36:09 pm »
@filipv, без разлика на твојата грижливост околку смислувањето на начините за убедувања дека  гласањево погоре не е релевантно, јас сеуште го сметам за релативно релевантен показател за тоа која технологија е подобра според мислењето на гласачите. Ad populum, или според народот, сеедно, доказот е тука.

Тоа не е доказ за ништо ОСВЕН за тоа дека гласачите на карклуб повеќе сакаат бензин. ТОА го докажува и ништо друго.

АКО популарното мнение навистина кажува која технологија е подобра, што ќе кажеш на популарноста на кросоверите? Или популарноста на дизелите во европа? Во Франција, на пример, дизелите се попопуларниод бензинци. Поише ги има на број. Поише се продаваат на број. И сеа? Што ни зборува тоа? Дека ВО ФРАНЦИЈА дизел моторите се подобри? Или можеби се ИСТИТЕ и тука и таму?

Или, во ТОЈ случај, популарниот аргумент повеќе не важи? М?

Одговори ми: дали во франција дизел моторите како мотори се подобри?

еее симо симо... не ми се верува што морам да објаснувам, елементарни работи..

Има тежина

Сигурно дека има, но не таа што ти мислиш дека ја има.

иако ти сакаш да го негираш тој податок.

Неќам, по трет пат ти кажувам. Само мислам дека како и да гласаме, ниту еден мотор нема да добие ниту еден коњ повеќе или помалку.

Што се однесува до совет кој треба да го дадам за било кој, што треба да потроши 15.000 или повеќе евра, ќе останам апсолутно резервиран и може само да добие мислење како јас би ги потрошил кога би располагал со парите. Се` останато е неблагодарно.
[/quote]

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11347 на: 03 Септември 2013, 17:37:22 pm »
Симо, како реално ти би ги потрошил 25.000 евра за кола?

Ова би требало да разјасни повеќе работи. Еве и 3 опции дај, на пример.


Edna e opcijata....Alfa Romeo kosilica, ne znam za model ! ;D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11348 на: 03 Септември 2013, 17:37:35 pm »
Таа втората што ја предложи (едначење по момент) е фундаментално различна од споредбата по коњажа: моментот се менува, но коњажата не.

Се менува коњажата кога одбивате да возите бензинец над 4000rpm. Исто така се менува кога ЛП и Дени покажуваат слики од табела со измерени вредности за вртежен момент, пресечена до 6000 вртежи, криејќи го делот до 9000.

Споредбата што ја предложив е фундаментално различна, но е исто толку манипулативна како споредбите што се прават од другата страна.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11349 на: 03 Септември 2013, 17:40:59 pm »
Таа втората што ја предложи (едначење по момент) е фундаментално различна од споредбата по коњажа: моментот се менува, но коњажата не.

Се менува коњажата кога одбивате да возите бензинец над 4000rpm. Исто така се менува кога ЛП и Дени покажуваат слики од табела со измерени вредности за вртежен момент, пресечена до 6000 вртежи, криејќи го делот до 9000.

Споредбата што ја предложив е фундаментално различна, но е исто толку манипулативна како споредбите што се прават од другата страна.

Никој не спори дека на хартија Корветата е побрза од Ферарито, туку дека во реален живот е два пати побрза од Ферарито.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А оваа лекција мора да се повтора редовно.  На хартија имаат приближно иста снага, исто забрзување и иста максимална брзина, но во пракса ништо не е исто. 




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11350 на: 03 Септември 2013, 17:42:09 pm »
Се менува коњажата кога одбивате да возите бензинец над 4000rpm.

Ама токму просечниот сопственик на бензинец е тој кој ретко вози над 4000 и тоа е целата поента. Не ние.

Не одбиваме „ние“ да возиме бензнец над 4000. Ние баш ги тегнеме бензинците во високи вртежи во очајна потрага по вртливиот момент на кој сме се навикнале. Ја бар така возам. Кога ја зајмувам астрата на брат ми ја држам у високи обртаи пошто иначе не ми влече ко што сакам, ко што сум навикнал.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11351 на: 03 Септември 2013, 17:44:12 pm »
Никој не спори дека на хартија Корветата е побрза од Ферарито, туку дека во реален живот е два пати побрза од Ферарито.

Да де. Тоа се спори. До поливина од вртежниот опсег (тоа што го викате реален живот), Корветата не е два пати побрза од Ферарито.

Се менува коњажата кога одбивате да возите бензинец над 4000rpm.

Ама токму просечниот сопственик на бензинец е тој кој ретко вози над 4000 и тоа е целата поента. Не ние.

Не си помислил дека ретко имаат потреба да возат над 4000. Фичо и Југо мораш да ги стискаш, модерни бензинци не мораш. Кога треба да претекнеш на автопат, бензинецот за иста цена ќе ти пружи побрзо и побезбедно претекнување.

Ние баш ги тегнеме бензинците во високи вртежи во очајна потрага по вртливиот момент на кој сме се навикнале. Ја бар така возам. Кога ја зајмувам астрата на брат ми ја држам у високи обртаи пошто иначе не ми влече ко што сакам, ко што сум навикнал.

Си начекал бензинец па сакаш да го тегнеш, да чуеш малку спортски звук. Признај сеа, не се срами. :)
« Последно менување: 03 Септември 2013, 17:54:32 pm V »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11352 на: 03 Септември 2013, 18:18:02 pm »
Не си помислил дека ретко имаат потреба да возат над 4000.

Тоа само ја потврдува мојата теза за просечната вс максималната снага.

Фичо и Југо мораш да ги стискаш, модерни бензинци не мораш.

Дали опеловиот 1.4 twincam или 1.4 на vw или 1.6 на тојота од 2000-и-некоја се модерни? Прашувам затоа што сите овие сум морал да ги стискам и тоа охохо за да продуцираат момент на кој што сум навикнал возејќи дизел. Би го спомнал и 1.2 на мојот чичка нов Калос, али тоа беше таква безнадежна рупа од мотор, што не е фер воопшто да го споредувам со што било.

Од модерните бензинци ми напраил мерак 1.4 TSI - ми идеше многу слично на мојот 1.5 dci, примаше сигурно гас на сите вртежи, но со барем двојно поголеми трошоци за гориво при такво тегнење. БАРЕМ двојно.

Кога треба да претекнеш на автопат, бензинецот за иста цена ќе ти пружи побрзо и побезбедно претекнување.

Сум приметил дека моторите со слична цена имаат слични реални перформанси. Доколку зборуваме за претицање со тегнење у црвено, тогаш си во право.

Си начекал бензинец па сакаш да го тегнеш, да чуеш малку спортски звук. Признај сеа, не се срами. :)

Звукот на малолитражен бензинец оптегнат на 3000+ рпм не ми е нешто омилен, напротив. У принцип не ми е срам од ништо што сум напраил у животов (освен она кога пијан се измочав у корпа за ѓубре сред гтц). А астрата ја возев така бидејќи имав фамилија унутра и не се осеќав доволно безбедно со тој мал торк на ниски вртежи, го немав потребното чувство на контрола. Звукот кој интрузивно ја загадуваше кабината го сметав за нужно зло. Едвај чекав да дојдам на рамно, да убацам у повисока брзина за да заќути.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11353 на: 03 Септември 2013, 18:22:51 pm »
Кога треба да претекнеш на автопат, бензинецот за иста цена ќе ти пружи побрзо и побезбедно претекнување.

Сум приметил дека моторите со слична цена имаат слични реални перформанси. Доколку зборуваме за претицање со тегнење у црвено, тогаш си во право.

Е, конечно се согласи за нешто на темава. Ова треба да се прослави.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11354 на: 03 Септември 2013, 18:25:35 pm »
Со све што е точно ќе се согласам, ако не си приметил. Тоа што во темава се согласувам ретко зборува за темата: аргументите кои типично се користат се криминално лоши. Куп бесмислици.