Neznam zosto plin se stava na benzincite, neli na benzin bile proektirani da rabotat koga izlegle od fabrika.
Одлично што ме потсети нешто што сакам да ги прашам плинашиве: дали, откако ставивте плин, у просек повеќе ја стискате педалата за гас?
Не. Педал ту д метал е секогаш. Може комотно да стаат он/оф копче кај мене

Ти благодарам на одговорот. Дали, следствено, би се согласил дека плинот, и покрај тоа што незначително ја намалува максималната теоретски можна снага на моторот, во реалноста ја зголемил просечната реално испорачана снага?
Не. Се осеќа благ пад а перформансите кога возам на плин. Се осеќа големо олеснување на мојот буџет.
Плинот е сув и прави повисока температура.... така да неможе да биде исто. Затоа ставаат капалка на некои мотори
оваква глупост последн пат слушнав од бугар пред година-две а претходно последен пат слушнав пред 6-7 години, а пак претходно ја слушав секој ден...
значи плинот не е сув... ништо посув од бензинот... и едното и другто гориво во цилиндар влегуваат РАСПРСНАТИ И ИЗМЕШАНИ СО ВОЗДУХ и при компресирање со искра се запалуваат... така да дали е сув или не е сув плинот апсолутно НИКАКВА ВРСКА НЕМА бидејки плинот не подмачкува ништо... муабетот дека плинот е сув доаѓа од времето на плински уреди со плочка врз карбуратор. нормално, за да работи на плин, карбураторот мора да е празен од бензин... а уште понормално е дека кога е карбураторот празен и пловакот и гумиците и се друго си оди во неповрат затоа што моторот работи, истиот се грее а бензин за разладување нема... среќа што тоа е стара технологија и засекогаш заборавена... а впрочем освен кај нас на балканов и во русија сегде е одамна исфрлена.. само кај нас се произведуваа и увезуваа застави со карбуратор до 2006-та година и кај русите со ладите до одприлика 2000-та година...
Со плинот работата е друга, Поради неговата поглема чистота при согорувањето, не прави никакви наслаги на издувните вентили и канали. Ова помага до побрзо абење на идувните вентили и ситсевите (лежиштата) на главата, поради почестиот допир метал-на-метал, затоа што едноставно, нема заштитен слој од карбонски наслаги. Не горат издувните вентили, туку се вдлабнуваат во самата глава, таканаречен valve recession процес. Оние мотори кои имаат глави од помеки легури, или вентили од послаби материјали, страдаат побрзо.