Слободно нека горат вентилите. Се менуваат за еден ден и се евтини.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ултимативно, тоа е сепак reliability issue. Не би се осмелил да тргнам на далечен пат со кола на која МОЖЕБИ ќе треба да и мењам вентили - а ја некаде у пичковец, со пола кутија цигари, картица со непозната состојба, два пара гаќи и три сендвича у најлонче.
За до работа/самопослуга и назад ајде да речеме нема проблем.
Епа еве да те информирам, вентилите постепено се оштетуваат и симптомите се јасни и недвосмислени. Откако ќе се појават имаш комотни најмалку 5000км да возиш пред да престане да работи моторот. Така да никако нема да ти откаже на сред далечен пат.
тоа што на некои возила се ставаат капалки со масло е за да се ИЗЛАДАТ вентилите кои во принцип се ладат со бензинот кој тече низ нив. бидејки е на плин во моментот нема проток на бензин и нема разладавузање на истите. да напоменам дека ова се случува кај само 5% од конвертираните возила... и кај нив не би имало потреба од капалки доколку возилата се возат низ градски средини. капалката е потребна за на отворен пат каде што подолго време се држи на повисоки обртаи па може да дојде до прегревање и искривување на вентилите... фабрички пресметано е разладување со бензин...
Какво течење бензин? Никаков бензин не тече и не лади никакви вентили. Проблемот е кај издувните вентили кои се прегреваат од дополнителната топлина што ја ослободува плинот. Ако вентилите се квалитетни нема никаков ефект да има зголемената температура. Ако се неквалитетни ќе почнат да се абат каде што се најтенки и тука почнуваат симптомите кои ги спомнав. Отвараш глава, вадиш брегаста, ставаш нови вентили, ги штелуваш и цепаш понатаму без никаков друг проблем.
Капалката служи за да капе масло кое кога испарува ја намалува температурата на издувните гасови и со тоа ја одзема вишок температурата од издувните вентили.
Проблемот се јавува кога капалката станува неупотреблива и престанува да функционира при високи вртежи. Таа функционира на база на вакуумот кој се јавува во усисната грана. При мал број на вртежи вакуумот е посилен и тогаш течењето на маслото за ладење е почесто. На автопат кога ќе ја опичиш и ќе опнеш гас до даска вакуумот се губи и тогаш капалката НЕ функционира. Така да џабе ти е. Подобра варијанта е да се вбризгува и бензин и плин во одреден сооднос и со тоа температурата на издувните гасови ќе се намалува.
Ако моторот е труба, тоест издувните вентили се неквалитетни тогаш не се замарај воопшто со плин или пак менувај ги вентилите почесто.