Не бе, таман работа.... еве, само пари ќе споредуваме. Е сега, што сакаш да гледаш низ призмата на парите? Колку задоволство или колку заштеда ќе имаш?
Кај современите дизели тие две нешта не се исклучуваат меѓусебе. Напротив, се надополнуваат: ем доминантно шибаш, ем не му се сеќираш. Возачка нирвана!
Валидна е, ете Мазда на исто место добила награда за својот ванкел од 1,3L во категорија 2,5-3,0L мотори и се споредува како мотор со еквивалент од 2,6L. Не гледам јас такво изместување помеѓу четиритактниве дизели и бензинци.
Jeби га, тоа е што е. Ванкелот иде со помалку кубици у повисока категорија заради повисоките крајни вртежи. Може на дизел од 2.0 литри просто да му начукаш поголемо турбо и ќе има
крајни перформанси ко дизел од 3.0 литри со помало турбо или 2.0 атмосферец без турбо или 2.5 со средно-големо турбо, или со 1.6 со двојно турбо бла бла бла бла...
Порано кубикажата беше основен параметар по кои се добиваше „осет“ за „вистинските“ перформанси на моторот. Зошто? Затоа што секој мвс е онолку моќен колку што може да прими воздух во единица време. Па оттаму - поголема кубикажа - поголема моќност низ целиот опсег на вртежи.
Но, во денешно време, кога речиси сите мотори се со некој вид „насилно“ бутање на воздух у цилиндрите, кубикажата сама по себе веќе не ја кажува целата приказна.
Ова сакам да кажам: Замисли дека некој има 15к евра и се двоуми меѓу бензин и дизел. Дали ќе му значи било што тоа што ти ќе му кажеш „земи бензин пошто бензинецот при иста кубикажа е појак од дизелот“??? Па тој што сака да купи кола НЕ инвестира кубици, ебаго, инвестира пари. Тоа што бензинецот за зададена кубикажа бил појак е во оваа дискусија потполно, потполно ирелевантно.