Е ако де. Зашто тогаш?
Снага = вртежи * момент. Бензинецот тие стотина коњи максимална снага ги постигнува на многу вртежи. Дизелот е концепциски ограничен на 4500-5000 вртежи, па за да ја постигне истата максимална снага, мора да има поголем момент.
Поголем момент значи дека све - од првиот цилиндар до последната полуосовина - мора да биде по цврсто, по јако и... по скапо. Мењачот е ограничен со максимален момент, а не максимална снага (оптоварувањето кое го трпи мењачот е неповрзано со вртежите), па така и мењачот мора да биде по издржлив = по скап. Диференцијалот исто така.
Блокот мора да издржи далеку поголеми притисоци во цилиндрите. Матерјалот од кој е изработен е по скап.
Комплетниот drive train (никад не дознав како се вика ова на македонски. пренос??) мора да биде по јак = по скап.
Сето тоа, задено со физички поголемиот мотор значи и поголема тежина. Па така, требаат пошироки, подоебели и поскапи гуми. Поскапи амортизери.
Инјекторите се многу поскапи од свеќици. Комон рејл пумпата исто така чини пари.
Конечно, дизелите мораат да имаат и по добра (= по скапа) звучна изолација, затоа што дизелашот повеќе тресе и брчи.
Сето тоа стаи го на купче и ете: дизелот чини повеќе од бензинецот.
Не збори глупости. Само за тегнење шлепер и бродови е добар. За комерциална употреба никој нема ни да погледне. Посебно кога произведителите ќе немаат зашто да го истакнуваат.
Ти можеби нема да го погледнеш. Читај болдирано.