Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2181729 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9930 на: 05 Август 2013, 09:41:59 am »
I called for a clarification at that point! Did you say the flip goes into the buckle, or the buckle goes over and around the small metal flap?

Не забележав, тоа.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9931 на: 05 Август 2013, 10:04:27 am »
Класен, тоа дизни биле, цркаат тие кај дизелот една на ден  ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9932 на: 05 Август 2013, 10:06:40 am »
Не се тоа дизни. Тоа морало да биде Алфа ромео дизел. Дизел пошто е дизел нели а свеќици пошто е Алфа.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9933 на: 05 Август 2013, 12:15:25 pm »
Едно прашање кое сакам кратко да ми биде одговорено.

Зашто производителите кога вадат серија не напраат 2.0 т дизел и 2.0 т бензин? Што ги спречува?

Прават како не прават.
Само што компаративно на 2.0тд вадат 1.4тб или 1.6тб кој ќе биде многу поефтин, а со приближни или подобри перформанси на 2.0тд и притоа нема да троши многу над дизелот.
Од друга страна веќе 2.0тб преоѓаат во друга категорија возила со ознаки GTI, R, ST грото спортски модели. Не е лесно да ги скротиш тие торкови и коњови извадени од 2.0тб.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9934 на: 05 Август 2013, 12:18:10 pm »
Значи знам тоа. Ама прашувам што го мачи толку и не вади исто литарски мотори. Изработката ќе го кошта малте не исто. Што е проблемот што нема исто литражни турбо мотори?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9935 на: 05 Август 2013, 12:21:43 pm »
Значи знам тоа. Ама прашувам што го мачи толку и не вади исто литарски мотори. Изработката ќе го кошта малте не исто. Што е проблемот што нема исто литражни турбо мотори?

Изработката на моторот или на колата ќе кошта исто? Мењач, куплунг, осовини, диференцијал кој ќе треба да држи 300Нм, и 450Нм не се исти.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9936 на: 05 Август 2013, 12:22:35 pm »
Зборам во споредба со дизелот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9937 на: 05 Август 2013, 12:44:43 pm »
Члинк, па нема потреба. Зошто 2.0 тб кога може 1.4 или 1.6тб со подобри перформанси од 2.0тд... Едноставно нема потреба. КАко што рече Марјан

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9938 на: 05 Август 2013, 12:47:19 pm »
Значи знам тоа. Ама прашувам што го мачи толку и не вади исто литарски мотори. Изработката ќе го кошта малте не исто.

Оу ноу.

Дизелите не се поскапи само затоа што имаат поголем блок од бензинец со иста снага.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9939 на: 05 Август 2013, 12:52:15 pm »
Значи се бара нешто косаличарско и ептен мало за да се споредува со дизелашишта огромни. Затоа што се слаби изелите при исти услови.

Еве јасќе ви кажам. Единствено зашто тоа се прави е потрошувачката на гориво. И ако не ги спајаат на овој начин нема да се продаде нити едно дизел возило. Да земеме пример каде горивото е џабе, јас ви ветувам дека нема никој дизел да земе.

Само потрошувачката е адут на дизелите. Ако беше занемарлива потрошувачката производителите во друга насика ќе не насочеа. Ќе беа аборавени дизелите одамна.

Значи знам тоа. Ама прашувам што го мачи толку и не вади исто литарски мотори. Изработката ќе го кошта малте не исто.

Оу ноу.

Дизелите не се поскапи само затоа што имаат поголем блок од бензинец со иста снага.

Е ако де. Зашто тогаш?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9940 на: 05 Август 2013, 12:55:33 pm »
Члинк, вака технички кажано, дизелот нема никогаш да изумбре, дури и ако бензинот е беспари а дизелот се плаќа од проста причина што кај дизел моторот можеш да имаш долга клипњача, долг цилиндар со голем од горе-доле и голем радиус на радилицата што ти дава мал број на вртежи а огромен торк. Постојат апликации каде е потребно токму тоа. Кај бензинците не може да се постигне истото, барем не во толку голема мера. Така да и да е бесплатен бензинот дизел мотори секако ќе постојат.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9941 на: 05 Август 2013, 12:59:48 pm »
Не збори глупости. Само за тегнење шлепер и бродови е добар. За комерциална употреба никој нема ни да погледне. Посебно кога произведителите ќе немаат зашто да го истакнуваат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9942 на: 05 Август 2013, 13:02:32 pm »
Е ако де. Зашто тогаш?

Снага =  вртежи * момент. Бензинецот тие стотина коњи максимална снага ги постигнува на многу вртежи. Дизелот е концепциски ограничен на 4500-5000 вртежи, па за да ја постигне истата максимална снага, мора да има поголем момент.

Поголем момент значи дека све - од првиот цилиндар до последната полуосовина - мора да биде по цврсто, по јако и... по скапо. Мењачот е ограничен со максимален момент, а не максимална снага (оптоварувањето кое го трпи мењачот е неповрзано со вртежите), па така и мењачот мора да биде по издржлив = по скап. Диференцијалот исто така.

Блокот мора да издржи далеку поголеми притисоци во цилиндрите. Матерјалот од кој е изработен е по скап.

Комплетниот drive train (никад не дознав како се вика ова на македонски. пренос??) мора да биде по јак = по скап.

Сето тоа, задено со физички поголемиот мотор значи и поголема тежина. Па така, требаат пошироки, подоебели и поскапи гуми. Поскапи амортизери.

Инјекторите се многу поскапи од свеќици. Комон рејл пумпата исто така чини пари.

Конечно, дизелите мораат да имаат и по добра (= по скапа) звучна изолација, затоа што дизелашот повеќе тресе и брчи.

Сето тоа стаи го на купче и ете: дизелот чини повеќе од бензинецот.

Не збори глупости. Само за тегнење шлепер и бродови е добар. За комерциална употреба никој нема ни да погледне. Посебно кога произведителите ќе немаат зашто да го истакнуваат.

Ти можеби нема да го погледнеш. Читај болдирано.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9943 на: 05 Август 2013, 13:04:55 pm »
Полека, многу отиде.

Јас реков зошто произведителот не прави 2.0 т бензин и 2.0 т дизел кога за изработка исто ќе го кошта. ЕВЕ дизелот повеќе по твое ќе го кошта. Што е проблемот.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9944 на: 05 Август 2013, 13:05:53 pm »
Јас реков зошто произведителот не прави 2.0 т бензин и 2.0 т дизел кога за изработка исто ќе го кошта.

Нема да го кошта исто.