Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Вкупно гласови: 411
Зашто не направите тест за да ја решите дилемата. Земете неколку коли слични според некој критериум и споредувајте тркајтесе итн итн.После резултатите ќе се објават на порталот и најверојатно ќе биде прва ваква споредба.
На село, тракторче од Југословенско производство што коштало 5000 марки на времето. Влечење 4х4, 700 кубика двоцилиндричен четиритактен со воздушно ладење. 3 брзини бавни напред, 3 брзини брзни напред, 2 брзини рикверц бавни и 2 брзини рикверц брзи. На него приколка со плуг за ринење снег напред и плуг за снег назад.Толку едноставна машина абе мерак да ти е. Од нафта и зејтин се затнале каналите и радијаторите од кај што се лади.Кога му опнав WAP-от под притисок, 5 кила уље+прашина извадив од него. Па си поиграв низ двор. 700 кубика, 28кс, дупло повеќе торк од Баблс. Селанецов вика со 14 литри нафта (толку собира резоервоарот) возам товарен од Сретково до Тајмиште ,таму работам пола ден со него и назад враќам 400-500 кила товар и во резорвоарот остануваат уште 3-4 литри.Чао пријатно. Ем убаво мириса, ем гласно е, ем кеиф праи ем дизелот ефтин е, ем со WAP-от пепел го праиш и пак пали од прва скоро без верглање. Бонбона.Иначе 20 години машина, се договоривме на пролет ремонт да му праиме. i gotta get me one of these.
како мислиш.
Холивудскине режисери конечно сватија дека и дизелот може да биде кул и сега во секоја манџа го ставаат. Гарант приметивте во F&F6 кога расправаа за тоа оклопното формулче што е погонувано од LS3 со отворени издуви, дибеците режисери решија дека е кул ако испадне дека тоа всушност било турбо-дизел и тоа од Леман.