Тоа што почнува од 100, прави кривата да паѓа премногу остро на високи, што ако не погледнеш убаво на вредностите може да те излаже дека на крај е пониска одколку на левиот. Графици што не почнуваат од нула често се користат, кога некој сака да те излаже и да ти продаде нешто (не велам дека тука тоа е случајот).
Тоа што кај десниот максимумот завршува околу 4000, а кај левиот 2500 до некаде соодветствува во разликата на вртежи од 30% кај двата мотори. Тоа што почнува на 1250 пак покажува голема предност на екстра ниски, зошто според претходниов сооднос, на левиот максимумот би требало да почне од 900, а овој почнува многу покасно на 1750.
Во секој случај сите се согласуваме со заклучокот, кога не би знаеле што горат моторите сите би го одбрале десниот.