(ќе се отепам)
Ајде вака да пробаме. Да замислиме дека ова не е автомобилски, туку алкохоличарски форум.
И се делиме во два големи табори околу прашањето што е боље: ракија или вино?
Постојат многу, многу аргументи за или против пиво или ракија.
Но аргументот „ракија е боља пошто од едно литро ракија ќе се начукаш повеќе од едно литро вино“ е многу глуп. Да, ВИСТИНА Е дека од едно литро ракија ќе се унередиш далеку повеќе ортоколку од едно литро вино и да, ВИСТИНА Е дека литро ракија крие поголема јачина од литро вино, но аргументот и даље е глуп. Литро вино и литро ракија ниту исто коштаат, ниту исто се пијат... Еквивалентните дози ракија и вино НЕ СЕ истите - за ракија дозата е помала, за виното поголема....
Но, дали е подобро 1 чаша вино или 1 мало чавче ракија - ееее тука веќе има муабет, и можеме разумно да дебатираме што е боље.
Значи, ја не викам дека ракија и вино не се споредуваат никако, туку само не според волумен.
Ако и ова не го разбирате - ок, терајте. Ја више немам намера основни, очигледни и работи кои мислев дека на сите им се јасни да објаснувам. Тотално сум разочаран.