Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1922101 пати)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3060 на: 06 Декември 2012, 15:54:12 pm »
Прилично долго време ја следам темава „воајерски“, ама приметив одредени стереотипи кои би сакал да ги „нарушам“.
Од друга страна вечната дилема Бензин vs. Дизел ќе остане сигурно и после коментаров, меѓутоа некои работи сепак заслужуваат внимание за да бидат разјаснети:
1. Сензорите на сите нови возила не се поставени оти производителите „умреа“ од желба да ги ставаат, туку заради новите законски прописи кои тоа неминовно им го наметнаа. Без нив ни Еуро2, а камо ли Еуро5,6 ...
2. Кога спомнувате сензори, треба да се нагласи дека независно од типот на моторот (бензин или дизел) во немоторната група на сензори (подвозје, активна сигурност, придружна електро-механичка опрема како клима, АВЅ, ЕЅР, PDC, автоматски брижачи, ксенон ... ) припаѓаат многу поголем број на сензори отколку сензорите на и заради самиот мотор.
3. Ако ги евалуирате сензорите само во моторната група ке дојдете до заклучок дека на бензински или дизел мотор се скоро идентични и скоро исти по број.
4. Ако нема сензор некое возило, не значи дека, не се расипува или не е веќе расипано - тоа што не знаеме дека нешто НЕ Е исправно, не значи дека истото Е исправно. Сензорот е тој што треба да не предупреди НАВРЕМЕНО дека има проблем кој е надвор од можноста компјутерот сам да ја регулира.
5. Ако од функцијата за евалуација на Бензин vs. Дизел се исфрлат цената на горивото и потрошувачката, сметам дека темава веќе губи смисла. Сепак при моментални цени и трендови на покачување на истите, а особено покачување на дизелот повеке од бензинот, прашање е колкава е предноста за обичен корисник.
6. Едноставноста во изведбата дефинитно не е на страната на дизелот. Иако навидум изгледа поедноставен, во позадина е исклучитено комплициран систем за директно вбризгување како механички така и електронски, задолжителна турбина и DPF филтер. Цените на тие компоненти кај дизелот, кои се најподложни на расипување се на границата на здравиот разум и домашниот буџет.
7. Пред 20 години бензинските мотори беа неспоредливо подобри во однос на дизелите. Дизелите можеби беа поедноставни, ама затоа беа очајни во перфоманси и култивираност во работа. Модерните дизели навистина се друга приказна, не чадат, не работат како трактори, живи се и енергични се, но сето тоа доаѓа заради комплексната оптимизација на дизел циклусот од термодинамичка гледна точка за пеглање на пиковите во притисоците и оптеретувањата за да се добие помирна работа и развлекувањето на процесот на согорување за поголема моќност. Е арно ама сето тоа без комплицирана контролно-управувачка електроника не оди. И пак се вракаме на сензорите, управувачката елетроника и електро-механичките компоненти кои сето тоа го овозможуваат.

Поедноставно?
НЕ, НИКАКО !!!
« Последно менување: 06 Декември 2012, 16:16:31 pm ZokiPet »

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3061 на: 06 Декември 2012, 15:57:42 pm »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3062 на: 06 Декември 2012, 16:08:21 pm »
znaci turboto se zema samo koga vi odgovara.  za sporedba na performansite se zema twincharger tsi, a koga se zboruva za odrzuvanje benzincite nemaat turbo ;D ;D ;D

ne e pdf , tuku dpf filter, koj e edinstvena davacka koja dizelot ja ima a benzinecot ja nema. No ne site dizeli se opremeni so dpf.

Inaku voopsto ne go opfati principot na rabota na benzinski motor koj ima 2,3,4 bombini, lambdi sondi, svekici, kabli , razvodnici i drugi gluposti koi kaj dizelot voopsto ne postojat. Dizelot e daleku poednostaven po konstrukcija.

Isto taka dizel motorite se mnogu podimenzionirani, i nivniot vek e daleku pogolem.

Dizelite sogoruvaat nafta vo bilo koj soodnos so vozdhuhot, taka sto nikogas ne nastanuva detonacija, trokiranje ili gubenje na snaga. Zaradi istite ovie pricini tuniranjeto na dizelot e mnogu polesno. Zaradi ovie pricini turboto 'od prva' legnuva kaj dizelot, bilo kakvo turbo, bilo kakov pritisok.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3063 на: 06 Декември 2012, 16:51:51 pm »
znaci turboto se zema samo koga vi odgovara.  za sporedba na performansite se zema twincharger tsi, a koga se zboruva za odrzuvanje benzincite nemaat turbo ;D ;D ;D
НЕ !!!
Туку затоа што производителите така заклучиле, па сеуште се продаваат многу коли со бензински мотори без турбо, а скоро ич дизели без турбо. Downsizing-ot тука ти оди во прилог, ама па затоа перфомансите на бензинецот тек доаѓаат во предност. А највеличената предност на дизелот - вртежниот момент - се топи како путер во микробранова.

ne e pdf , tuku dpf filter, koj e edinstvena davacka koja dizelot ja ima a benzinecot ja nema. No ne site dizeli se opremeni so dpf.
ТОЧНО.
Lapsus linguae

Да дополнам, таа единствена давачка кошта 2400 Евра за Ауди, а знае да „поздрави“ и пред 100.000 км и
Да, не се сите опремени. За тие што се опремени една битна негативност - чадењето - е отстранета, за останатите старата болка ...


Inaku voopsto ne go opfati principot na rabota na benzinski motor koj ima 2,3,4 bombini, lambdi sondi, svekici, kabli , razvodnici i drugi gluposti koi kaj dizelot voopsto ne postojat. Dizelot e daleku poednostaven po konstrukcija.

Isto taka dizel motorite se mnogu podimenzionirani, i nivniot vek e daleku pogolem.

Разводник не само кај мене, туку и кај сите бензинци понови од 10-15 години не сум видел.
Исто немам ни кабли :(
Да, имам 4 свеќици и исто толку бобини. ама воопшто не се ежам на помислата на нив. Но затоа чувството при спомнување на бош-пумпа е сосема поинакво.

Од друга страна, за векот на траење, зависи и начинот на експлоатација, а тоа е за друга тема.


Dizelite sogoruvaat nafta vo bilo koj soodnos so vozdhuhot, taka sto nikogas ne nastanuva detonacija, trokiranje ili gubenje na snaga. Zaradi istite ovie pricini tuniranjeto na dizelot e mnogu polesno. Zaradi ovie pricini turboto 'od prva' legnuva kaj dizelot, bilo kakvo turbo, bilo kakov pritisok.

Делимно точно.
ДА, согоруваат во скоро било кој сооднос, ама како ?
- Со софистицирана електроника во позадина која вбризгува 4 пати во такт?
- Со турбо-натполнење?
- Со специјални бризгалки под висок притисок за микронско распркување на нафтата (од тука идат проблемите со горивото)?
А без сето ова, знаеме сите како го согоруваа, со еден збор: очајно.

Плус снага губат и тоа како после „магичната бројка“ од 4000 о/мин.
« Последно менување: 06 Декември 2012, 17:16:57 pm ZokiPet »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3064 на: 06 Декември 2012, 16:56:40 pm »
Иако генерално се слагам, морам само да надоврзам една работа. Здравје, кога ќе дојде ред да цркне DPF-от (кој неминовно го има кај мање-више сите нови дизели), фино-лепо ќе инвестирам околу $500 во DPF Delete Downpipe.

Иначе.. Бре, бре, бре, како влече 2.0 TDI 150 во новиот Голф..

Ама, тоа понатаму.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3065 на: 06 Декември 2012, 16:59:52 pm »
Мотор(дизел бензин)кој е во добра состојба не смее да чади.
Кај дизелите чадот излегува(ше) од нерепариран(не сервисирана бош пумпа),дизни и сл.
Реното кое го имав имаше поминато над 300Ккм и НЕ чадеше воопшто.Да имаше многу дизели кои чадат ама ете моето не чадеше.Бучно беше малку повеќе од истите Рено-а со бензиски мотор.А богами беше петарда за неговиот 1.6 мотор и 55кс...

едит: ДПФ = Катализатор
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3066 на: 06 Декември 2012, 17:11:46 pm »
едит: ДПФ = Катализатор

?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3067 на: 06 Декември 2012, 17:19:03 pm »
Со сензорите само е покомплицирана работата на моторите барем според мене, значи според мое мислење. Пошто еве да речеме некој сензор дава информација дека нешто не штима, ете затнат е филтерот за воздух и не дава точни информации на компјутерот. Ако го извадиш филтерот, пак нема да можеш да ја возиш колата. А ете да речеме тоа ти се случува на 30 км од скопје, па за 30 километри без филтер ке и стане нешто на колата ?? Па може да и стане, пошто ова новиве како свилени се, поминале 5000 км, оп сервис треба, чек енџин.
Затоа според мене класиката треба да се врати, а тие еуро 5 стандарди на тие европејци, божем загадениот воздух од балканот нема да им отиде во европа

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3068 на: 06 Декември 2012, 17:31:30 pm »
ако се врати старта технологија треба и горивата да се вратат на 25 денари литро

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3069 на: 06 Декември 2012, 17:36:43 pm »
едит: ДПФ = Катализатор

?
Кај поновите дизели има дпф филтер,а кај бензинците одамна има катализатор кој кошта скоро исто колку дпф филтерот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3070 на: 06 Декември 2012, 17:40:53 pm »
Со сензорите само е покомплицирана работата на моторите барем според мене, значи според мое мислење. Пошто еве да речеме некој сензор дава информација дека нешто не штима, ете затнат е филтерот за воздух и не дава точни информации на компјутерот. Ако го извадиш филтерот, пак нема да можеш да ја возиш колата. А ете да речеме тоа ти се случува на 30 км од скопје, па за 30 километри без филтер ке и стане нешто на колата ?? Па може да и стане, пошто ова новиве како свилени се, поминале 5000 км, оп сервис треба, чек енџин.
Затоа според мене класиката треба да се врати, а тие еуро 5 стандарди на тие европејци, божем загадениот воздух од балканот нема да им отиде во европа

Секој има право на свое мислење, затоа и се форумите за да се споделат различните мислења.
Да, со сензорите е покомплицирано, ама не работата на моторите туку одржувањето. Сензорите се тука за комплицирањето на моторите да е изводливо, а не се ставени сензори само за да се искомплицира моторот.

За изваден воздушен филтер незнам кој сензор нема да ти дозволи да продолжиш со патувањето. Дури за најголем број од проблемите компјутерот ке те извести, моторот ке го префрли во заштитен LIMP мод, и со намалена снага ке те однесе до саканата дестинација. Е сега ако сакаш со дотраен мотор на 2 клипа, прегреан и без масло да те довози до мајстор за ремонт, можеби нема, ама и подобро.
Од друга страна имаше случаи со Пасати и Кордоби кои им гасеа на сред автопат, или пак Ауди кој заради misfire на еден од цилидрите потоа отвараше на блокот место за нов саламандер прозорец, ама ништо не е беспрекорно.

А класиката нема да се врати, зашто дури и „канта“ стара 15 години е со Еуро4. А кога (ако некогаш) влеземе во Европа, на технички преглед со својата класика нема да поминеш ни две улици подалеку, а камо ли низ него. Во Германија еднаш може да те вратат од TÜF, ако те вратат уште еднаш заради неисполнети норми, тогаш само на плац за Исток или отпад.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3071 на: 06 Декември 2012, 17:58:59 pm »
znaci turboto se zema samo koga vi odgovara.  za sporedba na performansite se zema twincharger tsi, a koga se zboruva za odrzuvanje benzincite nemaat turbo ;D ;D ;D
НЕ !!!
Туку затоа што производителите така заклучиле, па сеуште се продаваат многу коли со бензински мотори без турбо, а скоро ич дизели без турбо. Downsizing-ot тука ти оди во прилог, ама па затоа перфомансите на бензинецот тек доаѓаат во предност. А највеличената предност на дизелот - вртежниот момент - се топи како путер во микробранова.

Mozebi si nov i neznaes. 2 godini unazad kosilicarite placat za turbo. Ne trebalo da se sporeduva turbo dizel so atmosferski benzinec. Ne mozat da ziveat bez toa turboto, na 2 minuti go sponuvaat. Zatoa ke go imaat i vo odrzuvanje kako dodatok. znaci 0:0 e rezultatot ovde.

Vrtezniot moment sekogas e pojak kaj dizelot. Sporedi gi site tb so td, ke vidis deka dizelot sekogas ima 50% pogolem vrtezen moment.


ne e pdf , tuku dpf filter, koj e edinstvena davacka koja dizelot ja ima a benzinecot ja nema. No ne site dizeli se opremeni so dpf.
ТОЧНО.
Lapsus linguae

Да дополнам, таа единствена давачка кошта 2400 Евра за Ауди, а знае да „поздрави“ и пред 100.000 км и
Да, не се сите опремени. За тие што се опремени една битна негативност - чадењето - е отстранета, за останатите старата болка ...

DPF e sranje. Jas sum protiv takva skapa davacka. Sakam da mi cadi dizelot. Obozavam koga preticuvam nekoj komarec (kosilica) da go isprskam so pesticid.


Да, имам 4 свеќици и исто толку бобини. ама воопшто не се ежам на помислата на нив. Но затоа чувството при спомнување на бош-пумпа е сосема поинакво.

Од друга страна, за векот на траење, зависи и начинот на експлоатација, а тоа е за друга тема.

benzincite isto taka imaat bosch pumpa. bas proizvedena od bosch.

Inaku dizelot po definicija e pokvalitetno napraven: "diesels are often built with stronger parts to give them longer lives and better reliability"



Делимно точно.
ДА, согоруваат во скоро било кој сооднос, ама како ?
- Со софистицирана електроника во позадина која вбризгува 4 пати во такт?
- Со турбо-натполнење?
- Со специјални бризгалки под висок притисок за микронско распркување на нафтата (од тука идат проблемите со горивото)?
А без сето ова, знаеме сите какви беа дизелите. Ке повторам: троми, бучни, чадливи, со еден збор: очајни.


Apsolutno pogresno. Mehanickiot dizel so rotiracka bosch pumpa, bez nikakva elektronika sogoruva potpolno i efikasno vo bilo koj soodnos na nafta i vozduh.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3072 на: 06 Декември 2012, 18:52:10 pm »
Ти претицуваш некој? Со пестицид косилици прскаш?

Море, море, којзнае на какво аматер порно си во моментов. :D



Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3073 на: 06 Декември 2012, 19:00:27 pm »
Лошко батали турбо дизелаш, иднината е во турбобензинците, глеј само какви бројки вади 1.2 TSI а да не збориме за 1.4 TBI  ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3074 на: 06 Декември 2012, 19:40:28 pm »
5. Ако од функцијата за евалуација на Бензин vs. Дизел се исфрлат цената на горивото и потрошувачката, сметам дека темава веќе губи смисла.

Зошто?

И во случај 100 км да чинат потполно исто со бензин и со дизел, јас пак би избрал дизел заради поголемиот ќеф при возењето, што е став за кој што може или не може да се дискутира. Да, има скапи и фенси v8 бензинци, ама има и скапи и фенси v8 дизелаши.

Сметам дека дури и ако ја исфрлиме енергетската ефикасност на моторот од равенката (?!)  и понатаму може да се дискутира за бензин вс дизел во категоријата „ќеф при возење“.