5. Ако од функцијата за евалуација на Бензин vs. Дизел се исфрлат цената на горивото и потрошувачката, сметам дека темава веќе губи смисла.
Зошто?
И во случај 100 км да чинат потполно исто со бензин и со дизел, јас пак би избрал дизел заради поголемиот ќеф при возењето, што е став за кој што може или не може да се дискутира. Да, има скапи и фенси v8 бензинци, ама има и скапи и фенси v8 дизелаши.
Сметам дека дури и ако ја исфрлиме енергетската ефикасност на моторот од равенката (?!) и понатаму може да се дискутира за бензин вс дизел во категоријата „ќеф при возење“.
Се согласувам дека може да се дискутира и не се противам дека дизелот така и го доживуваш.
Сепак, мене лично уживањето во возењето ми е правопропорционално со адреналинот во крвта, а морници и сега ме полазуваат од помислата на звукот на добар бензинец особено на 6000-8000 врт/мин. Тоа јас кај дизел не сум го почувствувал и токму тоа мислам и се чувствува во коментарите што ги дадов.
За жал како што се менуваат работите енергетската ефикасност се повеке ќе игра улога во сите наши проценки, а „мудреците“ од регулаторна се повеќе ќе ја регулираат цената на дизелот кон цената на бензинот зашто некој им рекол: - “Секогаш народот плаќа“