Уште малку уљарци, ќе стигне гласањево до европскиот просек 45% dieselbutts vs 55% petrolheads

И да е иста цена по литро, возењето со дизел ќе биде поефтино пошто дизелот е енергетски поефикасна машина и од ова нема бегање. сврти се наопачки ако сакаш.
а да не збориме што популарноста на дизелите расте и онаму каде што литро нафта е поскапо од литро бензин
Технологијата на изработка на современ бензинец (директно вбризгување под висок притисок, променлива геометрија и отворање на вентили, турбо компресори, еколошки прифатливи системи итн) е подеднакво сложено ако не и посложено од CR турбо дизел.
Се согласувам... но не и пред 30 години! Пошто тоа праша, да те потсетам...
Само се надоврзав на муабетот. Инаку Ако се вратиме назад во времето, и дизелите беа прости и едноставни, и гласни и чадливи и неефикасни и трошеа скоро исто гориво колку и бензинците, Зошто беа прости и едноставни, и одеа на се` што има јаглехидрати во течна состојба, беа погодни за користење на најефтиниот дериват после мазутот. и што е најбитно, од нив не се бараше да работат во вртежен опсег, туку да возат стабилно на 1200 вртежи, кај што се енергетснки најефикасни.
Мојот следен избор ќе биде турбо бензинец, без двоумење. Ако земам кола на старо, ќе биде 159tbi, ако земам на ново, тоа ќе биде Giulia 1750 multiair
тоа си е веќе твоја работа. за мене е предоцна. ставени на кантар предностите и мааните, ми претежнува накај дизел.
Секој со својот товар....
За мене секогаш ќе преовладува од ова:
до ова:
и сите варијанти и број на цилиндри измеѓу, во мојот избор.