Еве и јас возам дизел, и морам да кажам дека сум презадоволен од моторот. Факт, бензиците кои сум ги возел подолго имаа доста послаби мотори, ама состојбата е таа- во моментов не гледам добра причина зошто би земал ТБ место мојот ТД.
Кога купував, почнав да бирам од типот на мотор, потоа се друго. Предности на бензинецот беше звукот, на дизелот економијата и издржливоста на машината. Сега со новиве ТБ не гледам баш да го фалат звукот. Економијата сеуште е послаба од адекватните ТД, секако, поради законите на физиката. Дизелот е поефикасна термодинамичка машина.
ТБ имаат нешто подобри перфоманси во забрзување и крајна брзина, барем на хартија. Во реалноста, не сум возел нешто до подобро влече угорнини или подобро претекнува, што не значи дека нема, туку само дека јас не сум возел.
Да повторам, не сум зилот, не ми тече нафта или бензин во вените. Едноставно, мојот прв дизел е прекрасно машинче (1.9 јтд). Во моментов, не гледам добра причина зошто би го менувал. Побрз е од она што реално ми треба. Економичен е. Бензинец за слична цена веројатно ќе има 10-20 посто подобри перформанси за забрзување и крајна брзина, но потрошувачката при тој режим на работа ми е неприфатлива, и веројатно на повеќето, освен за трки или ретки моменти на задоволство.