@filipv: Самиот у неколку наврати имаш кажано дека имаат различна конструкција и принципи на работа, и рака на срце, не ти ја глеам поентата у споредбите, особено кај атмосферците. Милион пати до сеа се истакнати предностите на дизелот во однос на бензинецот, и секогаш на крајот искача дека главен адут е потрошувачката. Сега, кога веќе има и нисколитражни турбо-бензинци на пазарот, и тој адут полека пропаѓа во вода.
Ја лично си правам селекција дизел/бензин врз основа на некоја моја логика. Да речеме, никогаш не би купил СУВ, џип, моноволумен, комбе итн итн, на бензин. Кај лимузините (од типот Мондео, Пасат и слично) би се двоумел меѓу бензин и дизел, а поверојатно е дека би идел на асолен дизел. Кај помали возила, вклучувајќи ги и компактните семејни автомобили, би зел бензинец, по можност турбо.