Не разбирам што е толку болно да се каже вистината за Алфа, погледнете по огласи се продаваат за пет пари, ретко кој купува, тоа е доволен знак дека Алфа како бренд не е ценет и не држи цена, со други зборови често се расипува, скапо се поправа.
Алфа има мит околу нивните автомобили, митот е настанат дел од легендарните и неконвенционалните дизајни дел е маркетинг. Последно време е чисто маркетинг.
Инаку не му завидувам на ниеден возач на Алфа, напротив, мислам дека катастрофално греши во изборот на автомобил кога станува збор за економично експлоатирање на возилото.
Ако имаш вишок пари и едноставно сакаш да уживаш во Алфа и нејзините погодности/мани, тогаш или си Бранко Црвенковски или Димитар Бузлевски. Тие се единствените кои јас ги познавам а возат Алфа од кога паметам
Наместо да купам ефтина Алфа и да збогатам механичари јас избирам поскапо да платам друг бренд на автомобил и да немам никакво гајле.
Друже, кај нас се фураат германски коли. Зошто? Кажи ми колку луѓе кај нас знаат да поправаат Алфа Ромео? Или да го преформулирам прашањето... Колку автомеханичари кај нас ЧИТААТ, СЕ НАДОГРАДУВААТ И РАЗБИРААТ? Се се сведува на одврти од тука, заврти тука, чепни ваму-таму. 90% од механичарите кај нас се приучени и они ги пуштаат тие муабети - Абе вози си голф, најдобро е. Најдобро е затоа што он знае да го прави, не затоа што е најдобро.
Групацијата Фиат има голем број на иновации кои другите производители успеваат поубаво да ги спакуваат и продадат. За квалитетот на моторите од Алфа ромео ќе кажат луѓето што ги сервисираат, а не оние кои увезуваат и расклапаат коли накај Тетово и донекаде ја диктираат цената.
Што се однесува до цената, нормално е да паѓа друже. Алфата е минимум 5 000 илјади евра поскапа од останатите автомобили во нивната класа. Нормално е да падне повеќе. Прашај луѓе што се разбираат во коли, што возеле и поправале алфа ромео и ќе ти кажат мислење.
За крај... и кока-колата држи цена, ама сите знаеме дека има еден куп подобри пијалоци за таа, или пониска цена....