Бугар ако е добро одржуван ќе ги натепа милионче.
Мерцедес си е мерцедес,ама и тој си бара одржување,за е290тд 300тд со одржување сум сигурен дека ќе минат и повеќе од милионче,за 220д сум па сигурен дека нема да ги мине.Порано имав 525тдс 93та имаше минато повеќе од 500.000 и беше во ред колата,моторот предеше.Потоа имавме е220 ме разочара,мада и не очекував премногу од тој мотор.
Деан највеќе од увоз донесоа VW,сите испокупија голфови,голем дел од нив завршија по сервисите,бидејќи ние македонците сме такви,сакаме за малку пари добра кола,наместо како што кажа пунто не увезено со плин или дизел,за тие пари ќе земеш евтин голф 4 дизел,а дали некогаш тој човек размислил зошто е толку евтин.пред некој ден застанав кај еден плац за коли,кај охис,и видов многу ниски цени,голф 4 1.9ТДИ со минати 187.000(сигурно 1та била 3ка) со клими електроники што не,за 3300е значи тој е купен околу 1500е +/- за да тој има ќар,и сеа за 1500е каков голф ќе очекуваш,сигурно дека има 400.000+.Јас лично кога би земал нешто од VW би било,некое полце како на Дени или постаро,девојка ми има лупо 1.2тди 3л,споро е ама за низ град е супер.Постар дизел па и од увоз никако,мада и бензинците се за никаде,посебно 1.4 во 4ка што го има,и на бензинците им ги враќаат километражите..
Тоа што го кажав за голфовите,важи и за бмв е46 320д и 525тдс е39,сакаат луѓето БМВ е39 со кожи клими сите тракатанци за 4000е и да биде се во ред,е нема.