Од пред некое време за прв пат поседувам 3000цц3 би-турбо дизел автомобил, предходните 3 ми беа сите бензинци од 1300-2000цц3 без турбо, 2 без и еден со плин.
Сите коли ми се/беа различни класи така да споредбата нема да биде релевантна, ама еве ради занимација краток заклучок од моето искуство:
Предности на атмосферски бензински мотор: поефтин во старт, поефтин за одржување, не мириса, нема филтер за тврди честици, нема проблеми со палење на ладно.
Негативности: слаб вртежен момент, троши повеќе, треба да го гњавиш да иде брзо.
Предности на би-турбо дизел мотор: Влече како воз со епски вртежен момент во секое време, низ град троши како мал бензинец, на отворено троши помалце од мал бензинец а е неспоредливо помоќен.
Негативности: огин скап да го купиш, далеку поскап за одржување, подолго време му треба да постигне идеална работна температура, и покрај DPF пак си замирисува на нафта во гаража

, мора барем 1 на 2 недели да го возиш подолго на отворено за да се издува DPF-от.
Што би одбрал кога би немал ич пари? Точак/добри патики/воз.
Што би одбрал кога би имал многу пари? Тесла, све друго паѓа во вода (се возев во p90d).
Што би одбрал кога би возел само низ град? Мал бензинец 1.0-1.2
Што би одбрал кога би возел само на отворено? Истото што го одбрав иако возам 60/40 град/отворено, ок можда послаб турбо дизел, овој е повеќе ради мерак.
Заклучок: секој тип на мотор си има примена согласно потребите, можностите и меракот на сопственикот.