Уште нешто е сменето денес кај бензинците, нов тренд е да имаат долги брзини исто како кај дизелите заради помала потрошувачка, и бендот на вртежи е намален. Пример кај 1.2 тси 85 снагата осетно ја снемува над 4000рпм, а под 2000 не влече,
Па не само кај бензинците туку најверојатно и кај дизелите (софтверски?) се наштелувани да даваат моќност во помал опсег, или пак можеби е поради анемичност на турбото какво што верувам дека е вградено во 1.2TSI 85.
На пример Chevrolet Cruze каков што возам со релативно нов турбо дизел мотор (прв пат се појавува во 2011) 120kw 2.0 crdi, DOHC, variable geometry turbo, под 1700 вртежи е практично анемичен, а над 4000 снагата осетно му ја снемува (после 4200 едвај врти до 4500). Кај жена ми пак која вози W169 A180 CDI исто така турбо дизел 2.0 crdi, DOHC, variable geometry turbo, но 80kW мотор кој е релативно постар (излезен во 2004), на 1200 вртежи моторот е веќе оживеан, а на 1500 почнува константно да влече до 4500 вртежи, па дури потоа почнува да му ја снемува моќноста.