Британскиот производител Trident најави почеток на продажбата на суперавтомобилот Iceni, а во таа компанија тврдат дека се работи за најбрзиот спортски автомобил со дизел мотор на светот.

За погонот е задолжен 6.6 литарски турбо-дизел V8 мотор кој развива 400 коњски сили (294 Kw) и 948 Nm максимални вртежи во минута. Според фабричките податоци, автомобилот во својата основна варијанта е во состојба од 0-100 км/ч да забрза за 3.7 секунди, додека максималната брзина преминува 305 км/ч.
За оние на кои ваквите перформанси не им се доволно добри, Trident нуди напредна верзија која располага со 435 коњски сили и 1.286 Nm, како и тркачка варијанта со сила на моторот од дури 669 коњски сили и максимални вртежи во минута 1.422 Nm.

Во британската компанија истакнуваат дека благодарение на ниската потрошувачка, која при константна брзина од 115 км/ч изнесува 4.1 литри на 100км, и големиот резервоар, автомобилот со едно полнење може да мине и до 3.200 километри.
Како гориво, освен дизел, може да се користи и биодизел.
iceni
Trident на купувачите ќе им понуди три каросериски верзии на овој автомобил, кои ќе имаат ознаки – Iceni, Iceni Magna и Iceni Venturer (караван).
Почетната цена за основниот модел ќе изнесува 96.000 фунти (околу 117.000 евра).
http://www.themen.mk/ova-e-najbrziot-sporski-avtomobil-so-dizel-motor/---------------------------------------------------------------------------
Косилици нема кај да се кријате повеќе
