Според сајтот на Плимонт, Landi Max е 540 евра. Систем за гориво со директно вбризгување е 1000-1100 евра (кај нас, во странство цената е сигурно повисока).
Како што и сам кажа - секое четврто вбризгување мора да биде бензин а не плин, итн. Тоа го мислам кога кажувам дека не работи добро/целосно на плин како кај класични бензинци. Тоа значи помала заштеда, подолг рок на постигнување исплатливост, итн.
Да не го почнуваме воопшто муабетот со коли што се осетливи на плин, па капалки-мапалки, па дополнување течност за капалки, итн итн итн.