Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2531114 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13020 на: 20 Октомври 2013, 10:36:22 am »
Кои се тие предности според тебе? Сите кажавме што мислиме дека се предности на бензинците и дезилите, само ти остана да се изјасниш.
Хаха. Кои се предностите на бензинецот. Јас ги објаснив предностите на дизелот во 100 страни. Еве ве прашувам по 20 ти пат, во што е подобар бензинецот?  Освен 2000 евра?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13021 на: 20 Октомври 2013, 10:36:57 am »
мислам дека треба да ти дадат почесен орден за присуство на темава... :) сигурен сум дека ја имаш темава како хот линк во табовите... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13022 на: 20 Октомври 2013, 10:37:10 am »
Кои се тие предности според тебе? Сите кажавме што мислиме дека се предности на бензинците и дезилите, само ти остана да се изјасниш.
Хаха. Кои се предностите на бензинецот. Јас ги објаснив предностите на дизелот во 100 страни. Еве ве прашувам по 20 ти пат, во што е подобар бензинецот?  Освен 2000 евра?

Eве, да не ме караат пак дека сум ти преќутувал, ќе ти кажам дека освен пониската набавна цена по киловат, бензинецот има и други предности.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13023 на: 20 Октомври 2013, 10:38:55 am »
Абе имам кажано и јас, ама тие забораваат. Другите предности што ги има бензинецот се или мали или небитни. Единствената предност што важи за нешто е 2000 евра. Ако мислат дека не е така, нека кажат нешто, со факти и бројки.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13024 на: 20 Октомври 2013, 10:50:42 am »
Ако сакаат производителите да продаваат дизели во малите возила кај нас, треба да понудат некој еднолитарски дизел мотор со 45-50кс. Низ град ќе иде има исти перформанси како косилиците со 60кс, а ќе има иста набавна цена. Вака како што се поставени работите сега, најслабиот дизел мотор има 15кс повеќе од најслабиот бензинец.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13025 на: 20 Октомври 2013, 11:00:58 am »
мислам дека треба да ти дадат почесен орден за присуство на темава... :) сигурен сум дека ја имаш темава како хот линк во табовите... :)
Се кладам дека темава ја сака повеќе од тебе и од мене.

Ако сакаат производителите да продаваат дизели во малите возила кај нас, треба да понудат некој еднолитарски дизел мотор со 45-50кс. Низ град ќе иде има исти перформанси како косилиците со 60кс, а ќе има иста набавна цена. Вака како што се поставени работите сега, најслабиот дизел мотор има 15кс повеќе од најслабиот бензинец.

Ами тебит, ама неможит. Ако можит оти нејќит?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13026 на: 20 Октомври 2013, 11:04:26 am »
Не, глупости ги нарекувам линковите до дефинициите што ги праќаш (и сликине претходно). Валидноста на аргументите ја оценуваш ти или сите учесници во дискусијава. Ако ти викаш дека еден аргумент е валиден, учесниците во дискусијава ја оценуваат валидноста на тој аргумент. Која е валидноста на аргументот дека менталната спремност на возачот носи предност на дизел технологијата? Како тој аргумент ќе го валидизираш? Со тоа што тука некои ќе кажат „ТООО ФИЛИП! ЦАР СИ!“?

Не, туку со тоа што ќе престанат да ги тропаат следниве глупости:

- за уживање не се вози дизел
- единствената предност на дизелот е потрошувачката
- дизел купува сиротиња која нема пари за гориво
- перформанси на мотори од различен тип се споредуваат со иста кубикажа
- обд2 не читал моментална снага у втора
- за реална споредба на колите треба да рачунаме дека горивото кошта нула денари литар
- потрошувачката на горивото нема врска со начинот на возење
- дека со менување на степенот на пренос се менува снагата
- ....итн итн

Бензинецот има еден куп предности. Само што ниту една од нив не спаѓа во горнава (некомплетна) листа.

Аха, добро... со „реалната снага“  јас мислев дека аргументриаш за предноста на дизелите, а тоа уствари било само начин да се покаже дека може да се лупаат глупости (како според тебе горенаведениве), кои btw, од 8 наведени, 5 се однесуваат на потрошувачката.

Исто така и кога „торк“овците  ќе раберат дека снагата е производ на вртежи и момент, и дека 1.5 пати поголем торк на 2000 вртежи кај дизелите е исто како 50% помал торк кај бензинците на 3000 вртежи.  И дека бензинците се возат во различен режим (во однос на вртежите) од дизелите. Кога тие работи ќе ги разберат некои луѓе тука, може да правиме муабет.

Во меѓувреме уживај си ти во менталната предност на дизелите, јас ќе си уживам во звукот и втрежите. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13027 на: 20 Октомври 2013, 11:07:06 am »
Аха, добро... со „реалната снага“  јас мислев дека аргументриаш за предноста на дизелите

Добро си мислел. Седи така!

Во меѓувреме уживај си ти во менталната предност на дизелите, јас ќе си уживам во звукот и втрежите.  

Договорено.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13028 на: 20 Октомври 2013, 11:28:42 am »
Ајде филипчо напиши ги предностите на бензинците и дизелите без да ги споредуваш

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13029 на: 20 Октомври 2013, 11:30:01 am »
Ајде филипчо напиши ги предностите на бензинците и дизелите без да ги споредуваш

Aко има предност, мора да има предност во однос на нешто. Не можам да зборувам за предности, без да споредувам. Предности во однос на што?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13030 на: 20 Октомври 2013, 11:32:48 am »
Еве земи ја истата набавна цена како почетен критериум.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13031 на: 20 Октомври 2013, 11:35:25 am »
Ајде филипчо напиши ги предностите на бензинците и дизелите без да ги споредуваш

Aко има предност, мора да има предност во однос на нешто. Не можам да зборувам за предности, без да споредувам. Предности во однос на што?

У право си. Во однос на економичност на целокупна екосплотација. На пример 8000 км годишно 90% градска вожња. возило

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13032 на: 20 Октомври 2013, 12:07:49 pm »
Предностите на современиот бензинец во однос на дизелот од сличен ценовен ранг (in no particular order):

- Поголема максимална моќност. Доколку некој има потреба од кола со 150 коња (на пример, средно-големо ауто кое не го вози сам), бензинецот ќе ја пружи потребната максимална моќност за помал инцијален трошок. Инвестицијата во дизел се исплати, но после релативно многу километри. Доколку тие километри не се направат, а поради природата на потребата и релациите, намалениот трошок за гориво не компензира за повисоката набавна цена.

- Бензинецот има помала тежина по киловат од соодветнот дизелаш, што го прави погоден за коли кои ќе се возат спортски, и го прави незаменлив во апликациите каде што односот тежина/снага е круцијален: моторцикли, многу мали коли, спортски коли, летала и мали пловила.

- Бензинецот има значаен момент на високи вртежи што му дава одлични својства при тркање и/или правење времиња: максималниот момент и максималната коњажа се наоѓаат во сличен опсег на вртежи.

- Бензинскиот мотор при мали брзини (кои се чести во секојдневието) работи по тивко и со помалку вибрации. Во лер на семафори е речиси бесшумен. Нема ништо по еротично од тоа кога бензинец вози полека врз некои камчиња, а единствениот звук што се слуша е крцкањето на камчињата под гумата. Перверзии!

- Бензинците се поотпорни на често возење на многу кратки релации и мали, градски брзини. Кај дизелите таквото возење може да биде проблематично: зачадување на моторот, проблеми со DPF, катализаторот итн итн.

- Бензинците се поотпорни на гориво со променлив квалитет. Дизелашите се по пребирливи. Лошо гориво може да доведе до скапи дефекти.

- Дизелот бара повнимателно одржување. Бензинецот има нешто поголема толеранција кон, да речеме, типот на маслото и сервисните интервали. Современите дизели не се неуништиви одливоци од челик какви што биле во минатото. Во овој аспект имаме role reversal.

- Бензинскиот мотор е конструкциски поедноставен што го прави во принцип поедноставен за дијагностицирање. Помалку делови значи помалку работи кои потенцијално можат да се сјебат: помалку на број SPOF-ови

- За оверлендери и шетаџии: бензинот како гориво е пошироко распространет од висококвалитетниот дизел. За возење низ вукојебини и беспаѓа, современ CR дизел не е добра идеја („стар“ дизел е друга приказна). Бензин има секогаш и секаде.

- Toкму заради пониската топлинска ефикасност, бензинскиот мотор побрзо се загрева од соодветен дизелски мотор. Во зима побрзо станува топло во бензинецот. Во зима дизелот може да ги помине сите кратки релации дома-работа-дома без ниту еднаш да се загрее ко што треба.

Да резимирам:

- За чести ултра-кратки релации - бензин е бољи
- За мали коли кои проаѓаат малку километри - бензин е бољи
- За тркање - бензин е бољи
- За возење во непознати, далечни полуцивилизации - бензин е бољи
- За зимурливи - бензин е бољи
- За мал буџет - бензин е бољи

ВНИМАНИЕ: не сакам да кажам дека за другите примени бензинецот не чини!!! Секоја исправна кола е чудо на модерната технологија и е интристично феноменално добра во апсолутни рамки! Само  сакам да кажам дека за другите примени дизелашот е бољи. ОК?

Не знам дали набројав се, ако се сетам на нешто во меѓувреме - ќе допишам.

Дали ценетиот петролхедски експерстки конзилиум акламативно би ги прифатил наведените точки?

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13033 на: 20 Октомври 2013, 12:22:43 pm »
Ајде сега за дизел!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13034 на: 20 Октомври 2013, 12:30:24 pm »
Ајде сега за дизел!

може само резимето пошто ме здомрзе да пишувам?