Денес во мојот живот ја слушнав најсмешната,најлудата како сакате кажете,цена за било што и да сум купувал.Во Голфот има во фиоката на лизгање под мењачот,отварач за флаши(во темата за најнеупотребувани работи во кола го имам спонато),но не знам како ми се има изгубено некаде. Еве како изгледа:

Бев на редовен сервис во Порше денес и ми текна успат да прашам и цена за ова.Му идам на дечкото што работи на делови да го прашам за цена и одма добивам одговор: Mногу пари. Си викам добро максимум да е 1.500 денари и му викам кажи ми како и да е.Дечково вадење цена што ме тресна од земја,
3.800 fucking денари за ова малово гомно

. Мојот одговор беше: Aман бе,предни плочки се 5.200 за ова ми барате 3.800.Ми вика: Знам дечко,не знам зошто е толку скапо.
Уште не ми се верува што ми кажа,дека за тоа никакво пластиче што нема ама баш никаква функција ми побара толку пари.Фала многу,пријатно.