Еве сакам да ја споделам мојата голгота што ја поминав цела недела во Кавадарци, луѓе внимавајте на овие манипулатори и преваранти
Многу големо негативно искуство со МБ Бош Кавадарци.
Возилото беше исправно и го однесов во МБ Бош Кавадарци исклучиво поради репарација на дизните. По нивната интервенција започнаа сериозни проблеми со возилото кои претходно не постоеја.
По репарацијата на дизните, возилото влезе во limp/safe mode, поради што имав дополнителни трошоци и непријатности при враќањето од Кавадарци во Прилеп. Дополнително, се појавија и дијагностичките кодови P060E и P037E (Glow Plug Control Module Feedback Circuit Low).
За репарацијата ми беа наплатени 21.500 денари. Потоа ми беше побарано да платам дополнителни средства за замена на клапната, за која ми беше кажано дека била оштетена при демонтажата и монтажата на инјекторите. (Со што несакаа да превземат никаква одговорност).
На работниот налог беа наведени сензори кои требаше да бидат исчистени, но тоа, според моето искуство, не беше направено.
Во текот на престојот во сервисот, комуникацијата со Влатко беше крајно непријатна. Тој ѝ се обраќаше на мојата сопруга со висок тон, а во еден момент дојде и до закана со физичка пресметка врз мене. За мене, ваквото однесување е целосно неприфатливо кон клиент.
Петар, во телефонските разговори, ме уверуваше дека автомобилот е среден и дека сè што било наведено на работниот налог е сработено. Сепак, откако по третпат се јавив за да добијам одговор и дополнително објаснување, повеќе не ми се јавуваше.
Откако ја донесов колата дома, направив сопствена визуелна инспекција и забележав дека еден од конекторите на самиот грејач воопшто не бил приклучен.
Исто така, забележав дека целиот моторен простор бил испрскан со вода, по што на dashboard-от почнаа да се појавуваат повеќе сериозни предупредувања и грешки, меѓу кои Check Engine, Service Vehicle Soon и Engine Power is reduced. Кога реагирав за ова, Влатко ме убедуваше дека јас таква кола сум им ја донел.
Колата ја однесов исправна, исклучиво за репарација на дизните, а по преземањето започнаа сите овие проблеми.
21.500 денари платени, дополнителни трошоци и непријатности, проблеми што се појавија по интервенцијата и крајно непрофесионален однос кон клиентот.
Ова е мое лично искуство со сервисот и, врз основа на него, МБ Бош Кавадарци не би го препорачал.