Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 693784 пати)

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
    • proskytv.net
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2430 на: 16 Август 2026, 13:16:33 pm »
Да точно Астра  Ј .

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5508
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2431 на: 16 Август 2026, 14:39:48 pm »
Еве сакам да ја споделам мојата голгота што ја поминав цела недела во Кавадарци, луѓе внимавајте на овие манипулатори и преваранти

Многу големо негативно искуство со МБ Бош Кавадарци.

Возилото беше исправно и го однесов во МБ Бош Кавадарци исклучиво поради репарација на дизните. По нивната интервенција започнаа сериозни проблеми со возилото кои претходно не постоеја.

По репарацијата на дизните, возилото влезе во limp/safe mode, поради што имав дополнителни трошоци и непријатности при враќањето од Кавадарци во Прилеп. Дополнително, се појавија и дијагностичките кодови P060E и P037E (Glow Plug Control Module Feedback Circuit Low).
За репарацијата ми беа наплатени 21.500 денари. Потоа ми беше побарано да платам дополнителни средства за замена на клапната, за која ми беше кажано дека била оштетена при демонтажата и монтажата на инјекторите. (Со што несакаа да превземат никаква одговорност).
На работниот налог беа наведени сензори кои требаше да бидат исчистени, но тоа, според моето искуство, не беше направено.

Во текот на престојот во сервисот, комуникацијата со Влатко беше крајно непријатна. Тој ѝ се обраќаше на мојата сопруга со висок тон, а во еден момент дојде и до закана со физичка пресметка врз мене. За мене, ваквото однесување е целосно неприфатливо кон клиент.

Петар, во телефонските разговори, ме уверуваше дека автомобилот е среден и дека сè што било наведено на работниот налог е сработено. Сепак, откако по третпат се јавив за да добијам одговор и дополнително објаснување, повеќе не ми се јавуваше.

Откако ја донесов колата дома, направив сопствена визуелна инспекција и забележав дека еден од конекторите на самиот грејач воопшто не бил приклучен.
Исто така, забележав дека целиот моторен простор бил испрскан со вода, по што на dashboard-от почнаа да се појавуваат повеќе сериозни предупредувања и грешки, меѓу кои Check Engine, Service Vehicle Soon и Engine Power is reduced. Кога реагирав за ова, Влатко ме убедуваше дека јас таква кола сум им ја донел.

Колата ја однесов исправна, исклучиво за репарација на дизните, а по преземањето започнаа сите овие проблеми.
21.500 денари платени, дополнителни трошоци и непријатности, проблеми што се појавија по интервенцијата и крајно непрофесионален однос кон клиентот.

Ова е мое лично искуство со сервисот и, врз основа на него, МБ Бош Кавадарци не би го препорачал.
Toa ke vikav sto ima veze glow plugs so injektori. Ama si pisal

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
    • proskytv.net
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2432 на: 16 Август 2026, 15:04:29 pm »
Еве сега во моментов правам детална инспекција, го гледам тој пластичен капак што се вметнати дизните во него што се спојува со самиот мотор, наместо Влатко Кавадарци и син му Петар да стават нов дихтунг , начукале силикон, и на самите дизни околу нив има мал дел на масло , сега избришав сето тоа со тампон за уши . Па ке видиме дали ке пушта масло на самите дизни. Клапна , инсталација и самите конектори се полни со вода и масло, што правеле и што им се има закршено работата само тие знаат. Како ја стартувале колата после првата репарација Господ знае само и тие двајца.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2433 на: 16 Август 2026, 16:42:27 pm »
Единствено останува да ти препорачам мајстор на Варош што ми работеше на Лексусот, Опелџија во душа, треба да работи деновиве на мојата астра ј.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2434 на: 16 Август 2026, 21:33:12 pm »
Ако некој ти направил штета, не пишувај само на форум. Види си какви правни механизми имаш на располагање и терај ја работата ако се исплати.