Автор Тема: Атмосферец 1.4 тромав или не  (Прочитано 78178 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #450 на: 18 Ноември 2012, 14:36:32 pm »
Така е и кај мене. Мерено по ГПС. Над 200 и 15 лаже.
Така има логика 1.4 да идат 200. :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #451 на: 07 Август 2013, 17:29:46 pm »
Оваа беше многу актуелна тема на времето ... да ја оживиме ;)
Што значи тромав? Да е над 10 сек. до 100-ка или ...? Колку максимум коњи може да се набилда еден 1.4 атмосферец? Кое е вашето измерено време до 100-ка? (меѓу забрзувања не споредуваме - тоа се споредува кај турбо бензинците, ниту пак потрошувачка - тоа е друга тема за турбо дизелите). :D
Еве, нека се зборува макар и генерално за сите толку плукани, а највише застапени атмосферци од 750 cm3, па нагоре :) Митот за косилица потекна баш од 1.4 атмосферците како најтешки, монтирани во компактна класа, а перформансите слаби. Да видиме кој што има да се пофали, пожали, како да се реши проблемот со тромавоста (без поголеми и скапи зафати, монтирања турбо и сл.) ?
 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #452 на: 07 Август 2013, 17:52:32 pm »
Ne sum merel ama na poloto so 1.4 motor i 75ks e daleku od tromav. Se imam trkano so 1.4 tdi i za malku me jade, neznacitelno.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #453 на: 07 Август 2013, 18:16:18 pm »
Ти верувам, 1.4 е идеален за Поло, Корса, Фиеста ... Ако горивото ти било поквалитетно (и ако си имал максимум четврт резервар), колата редовно сервисирана со квалитетни материјали, гумите прописно напумпани, надворешна температура не повеќе од 10 степени - би си го изел дизелчето со гаранција, пошто и по спецификација го јадеш ...

http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=8412

http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=8419

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #454 на: 07 Август 2013, 18:58:09 pm »
Сепак и за таа класа на возила 1.4  75 е слаб. Можда бил пред да отежнат над 800кг, ама под 100кс на Поло/Корса/Фиеста, не треба да има.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #455 на: 07 Август 2013, 19:07:01 pm »
Polo IV (9N3) 12.2 сек. до 100-ка. 80кс има, со „малку“ фризирање ќе дојде 10 сек. можда. По мене тоа е ОК за овој мотор. Сакам да (до)кажам дека не мора да биде тромав под дифолт ако е 1.4 атмосферец!
Примерот е можда лош, ама дека Фаланга го спомна, па ... Еве земи ја КорсаД со 90кс на пример
http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=2095 

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #456 на: 07 Август 2013, 19:19:28 pm »
1.4 (80-90 КС) е тромав во Астра, Фокус, Алтеа, Леон, Голф и било што друго од таа класа (семеен компакт). Би требало да си е сосема ок во помалите возила (Поло, Фиеста и слично).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #457 на: 07 Август 2013, 19:20:58 pm »
Polo IV (9N3) 12.2 сек. до 100-ка. 80кс има, со „малку“ фризирање ќе дојде 10 сек. можда. По мене тоа е ОК за овој мотор. Сакам да (до)кажам дека не мора да биде тромав под дифолт ако е 1.4 атмосферец!
Примерот е можда лош, ама дека Фаланга го спомна, па ... Еве земи ја КорсаД со 90кс на пример
http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=2095 
Не би рекол дека ќе дојде до 10сек. Сериозно.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #458 на: 07 Август 2013, 19:21:49 pm »
@velestrumf

Од уста ми го извади ... ;D

Polo IV (9N3) 12.2 сек. до 100-ка. 80кс има, со „малку“ фризирање ќе дојде 10 сек. можда. По мене тоа е ОК за овој мотор. Сакам да (до)кажам дека не мора да биде тромав под дифолт ако е 1.4 атмосферец!
Примерот е можда лош, ама дека Фаланга го спомна, па ... Еве земи ја КорсаД со 90кс на пример
http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=2095 
Не би рекол дека ќе дојде до 10сек. Сериозно.

О.К. еве 11 нека биде, пак е супер. Зборам за light tuning (без отворање на моторот), ама тоа за у друга тема :)
« Последно менување: 07 Август 2013, 19:42:24 pm djidji »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #459 на: 07 Август 2013, 19:23:44 pm »
1.4 (80-90 КС) е тромав во Астра, Фокус, Алтеа, Леон, Голф и било што друго од таа класа (семеен компакт). Би требало да си е сосема ок во помалите возила (Поло, Фиеста и слично).

Потпишувам. Али, мене не ми смета.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #460 на: 07 Август 2013, 19:29:00 pm »
1.4 (80-90 КС) е тромав во Астра, Фокус, Алтеа, Леон, Голф и било што друго од таа класа (семеен компакт). Би требало да си е сосема ок во помалите возила (Поло, Фиеста и слично).

Потпишувам. Али, мене не ми смета.
Смета, ама си тераш, зошто немаш пари за 2.5 V6. Како и повеќето останати. Ама дека не смета, незнам баш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #461 на: 07 Август 2013, 19:30:44 pm »
1.4 (80-90 КС) е тромав во Астра, Фокус, Алтеа, Леон, Голф и било што друго од таа класа (семеен компакт). Би требало да си е сосема ок во помалите возила (Поло, Фиеста и слично).

Потпишувам. Али, мене не ми смета.
Смета, ама си тераш, зошто немаш пари за 2.5 V6. Како и повеќето останати. Ама дека не смета, незнам баш.

Зошто би ми бил 2.5 V6, кога и онака повеќе од 100 km/h не возам, 99.9 % од времето? Why, oh why?

И, најискрено, не ми смета.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #462 на: 07 Август 2013, 19:38:03 pm »
1.4 (80-90 КС) е тромав во Астра, Фокус, Алтеа, Леон, Голф и било што друго од таа класа (семеен компакт). Би требало да си е сосема ок во помалите возила (Поло, Фиеста и слично).

Потпишувам. Али, мене не ми смета.
Смета, ама си тераш, зошто немаш пари за 2.5 V6. Како и повеќето останати. Ама дека не смета, незнам баш?

Зошто би ми бил 2.5 V6, кога и онака повеќе од 100 km/h не возам, 99.9 % од времето? Why, oh why.

И, најискрено, не ми смета.
Ок. Се е можно.

Јас на пример на возам над 100кмч на Стража а пак би сакал V6 2.5 во Полото. Си има разлози. Најмал од нив е максималната брзина. Можеби не за тебе, ама јас еве би нашол неколку причини, колку за пример.

И Ситистар ќе ти заврши работа за придвижување во 99.9% случаи, но откога ќе го возиш и после седнеш во 1.4 астра ќе мислиш дека си влегол во Ф1 болид. Знам зошто јас после искуството со Ситистар возев Астра 1.4. Формула. А тек да има прописен мотор како 2.5 V6. После тоа кога ќе влезеш во 1.4 ќе ти личи дека неможе да тргне и ќе ти гаси на угорници.

Не треба да е репер нешто што ти завршува работа. Репер треба да е нешто што е задоволително во сите критеруими, меѓу кои е и задоволство и удобност.

Јас не велам дека сакам 2.5V6 или 6.0 V8 за да го корнам. Напротив. Јас сакам таков мотор за да НЕ го корнам.

Секој со своето.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #463 на: 07 Август 2013, 19:39:42 pm »
За кога ќе сакаш да претицаш 3 шлепера само да стиснеш без да мислиш дали ќе повлече и да гасиш клима. Иначе мојата косилица сосема солидно си се држи 1.3 95 коња на 1050 кила.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #464 на: 07 Август 2013, 19:44:17 pm »
Да, ете баш твоето аутце е одличен пример! :D
Suzuki Swift, Daihatsu Sirion 1.3 87 кс оди за 10.9сек. и тн.