Оваа беше многу актуелна тема на времето ... да ја оживиме
Што значи тромав? Да е над 10 сек. до 100-ка или ...? Колку максимум коњи може да се набилда еден 1.4 атмосферец? Кое е вашето измерено време до 100-ка? (меѓу забрзувања не споредуваме - тоа се споредува кај турбо бензинците, ниту пак потрошувачка - тоа е друга тема за турбо дизелите).
Еве, нека се зборува макар и генерално за сите толку плукани, а највише застапени атмосферци од 750 cm3, па нагоре
Митот за косилица потекна баш од 1.4 атмосферците како најтешки, монтирани во компактна класа, а перформансите слаби. Да видиме кој што има да се пофали, пожали, како да се реши проблемот со тромавоста (без поголеми и скапи зафати, монтирања турбо и сл.) ?