@kefi Заклучок, графиците ќе се сечат точно на 5252 вртежи, АКО и САМО АКО се работи за KW и Lbft претставени на иста бројчана оска, и тоа за н/а бензински мотор. Тоа не ги дефинира останатите графици како нерелевантни или погрешни. Битно е од графиконите е да се види колку моќ или колку момент има моторот при одреден број вртежи. Секој график го покажува тоа, и нема погрешен графикон. Може да бидат претставени на два независни графикони или интерполирани по желба.
Не баш, ама близу. АКО И САМО АКО се работи за HP(коњски сили-механички-1КС=0.745kW) и Lbft, преставени на иста оска. Нема врска бензинец или што и е да е, се работи за тоа дека можеме да мериме Вртежен момент, а Моќност пресметуваме по формула. Како со струја, мериме напон, пресметуваме струја со познат отпор. Или брзина, мериме време за познат пат.
Во принцип, да, нема погрешен графикон, можат да бидат преставени како сакаш, ама ако се на ист, што е најпрегледно, мора да важат некои закономерности, пошто се зависни величини.На тој конкретен график, можеме да заклучиме дека има некоја грешка. Од каква природа е грешката, може да нагаѓаме.