Некој што во скоро време ја возел делницата Загреб Белград, да даде совет/мислење.
Летово ќе идеме со кола на одмор до Грција, тргам од околина на Франкфурт и планирам прво спиење да ми биде во/околу Вараждин (Хрватска), па после второ негде кај Јагодина (Србија) и трет ден 300 км до Скопје.
Памптам во 2021ва кога возев од Загреб до Белград, десната лента од автопатот во голем дел беше за нигде, цело време некои прекини како линии на асфалтот или што и да беа и тропаше на ист интервал, како кај Коце Металец школото накај Маџари кога возиш. Ми се одмили возењето ептен. Пошто имаше гужва, отидов преку Шид на граница, а не на Батровци, и брзо пројдовме, околу 30-40 минути, па и сега веројатно ќе биде истиот премин.
Ме интересира, дали да возам од Вараждин паралено со автопатот по тоа регионалните патишта, имам негде околу 600 км да пројдам у еден ден, не се брзам, ќе правиме паузи, кафе, ручек такви работи.
И како е со гужви на патарини летно време? Идев од Истра накај Загреб во 2021ва, знам таа кај Загреб имаше доста гужва, ама не се чекаше премногу, може 20 мин, што и не е малце.
Има смисла таг да нарачувам за Хрватска и Србија или не се исплати? Мислам дека не е бесплатен,
@MecheTo ако добро памтам околу 50 еур го кошташе со достава до Германија.