Ми светна нотификација редовен сервис за 30 дена а на километража гледам само 7000. Е нече мочи да правам сервис на 7000 па решив една недела да се провозам низ балканот па макар и на високи цени на горива

. Прво до Белград после Златибор па преку Жабљак до Бока Которска. И пак назад до Србија преку Подгорица Нови Пазар, Копаоник и Македонија. Извртев некои 2000 километри. Сега уште 1000че да свртам и ќе го носам.

Патот од Златибор до Никшич преку Јабука е доста интересен за возење. На 2 места имаше радар но ако имаш среќа ќе ти блицнат од спротива.
Исто интересно пред тргање наместив летните гуми и низ црна гора ме фати снег. А претходно со зимниве гуми цело зимо не видоа снег

