Автор Тема: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации  (Прочитано 139473 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #720 на: 07 Февруари 2019, 13:15:51 pm »
За Русија треба виза.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #721 на: 07 Февруари 2019, 13:21:16 pm »
Јас дур бев студент во Литванија колку што ми текнува за влез во Русија не требаше виза туку потврда од хотел дека ќе престојуваш некаде. Ама може да се има нешто сменето со оглед на ситуацијава последниве години.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #722 на: 07 Февруари 2019, 13:56:55 pm »
Треба или виза или гаранција од некој русин, имаат форма за таа гаранција и место каде се издава во Русија. Бар така беше пред 2-3 години кога бев.

Еве најдов слика од гаранцијата:
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #723 на: 07 Февруари 2019, 14:03:00 pm »
За Русија треба виза.

Знам дека треба виза, но јас прашував дали има окапуење на граница и ако има - колку време отприлика да одвојам при планирање на патувањето.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #724 на: 07 Февруари 2019, 14:13:24 pm »
За Русија треба виза.

Знам дека треба виза, но јас прашував дали има окапуење на граница и ако има - колку време отприлика да одвојам при планирање на патувањето.
Овде имаш редовно ажурирање. http://www.pkpd.lt/lt/border Уклучи гугл транслејт али колку за да имаш претстава, првата половина е за Русија втората за Белорусија. Стискаш video translacija и гледаш во живо. На пример сега нема живо пиле ама рачунај летен период ќе имаш гужва.

Lengviej - возила
iki 1 vala - чекање до 1 час ама ова им е по дифолт кога нема гужва.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #725 на: 07 Февруари 2019, 14:26:30 pm »
Aуу друже свака ти дала за ова!

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #726 на: 07 Февруари 2019, 14:27:20 pm »
Летоска имаше САТ патрола до Калининград преку Полска одеа https://youtu.be/a3Zd7HWRaGM

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #727 на: 26 Март 2019, 13:39:11 pm »
Русија роуд-трип - попушинела.

Граѓаните на РМ можат да добијат руска туристичка виза само едно од овие две сценарија:

1. Писмена покана, оверена кај руските власти.

2. Групно, во рамките на аранжман преку туристичка агенција.

Со други зборови, просто доаѓање на граница со кола за нас непоканетите не е опција.

Оваа за мене шокантна информација ја добив во телефонски разговор со вработените во амбасадата. Типот со кој зборев едвај збореше македонски а уште поедвај англиски, па не бев сосем сигурен дали воопшто ме разбра што сакам. На пример, имаше потешкотии да го разбере концептот на патување во русија со сопствено, странско возило.

Одбивав да верувам дека сме се разбрале и дека стварно нема начин кокошарникот да го повозам низ Русија. Затоа, во петокот бев лично во амбасадата каде што, на мое големо изненадување, ми организираа состанок со Рускиот конзул лично.

Типот зборуваше префектен англиски. Му ја покажав картата со обележана маршрута. Му кажав дека немаме пријатели или роднини во русија кои би не поканиле. Му кажав и дека сакам да патувам во сопствена режија, а не преку агенција.

Ми одговори дека правилата на издавање визи, за жал, не ги одредува тој и дека жали што мојата идеја е практично неостварлива.

Така да ништо.

Разочаран сум многу. Мно-гу.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #728 на: 26 Март 2019, 13:41:22 pm »
Е ако де големи мадиња, ела си кај нас на балтикот да видиш лепота мајка ти ја бараш во Калининград :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #729 на: 26 Март 2019, 13:43:04 pm »
...

Подобро така, отколку да те спроведат со вооружена стража назад.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #730 на: 26 Март 2019, 16:30:16 pm »
Јас исто не можев да се разберам со русите, па среќа познавам една русинка што живее тука и она правеше муабет со нив по телефон. Претходно бев еднаш до амбасада, ама многу гужва имаше, а немав време да чекам.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #731 на: 27 Март 2019, 11:04:17 am »
И? Доби виза со која можеш да банеш на граница со своја кола?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #732 на: 27 Март 2019, 11:15:04 am »
Ете погоре имам постирано. Ми пратија покана и фала богу со авион отидов ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #733 на: 27 Март 2019, 11:50:55 am »
...

Подобро така, отколку да те спроведат со вооружена стража назад.  ;D ;D

Еднаш ја имав таа "среќа" да пропуштам лет во Москва и да треба да преспијам надвор од аеродром (без виза секако).Под таквa вооруженa стража не сум бил до сега :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #734 на: 27 Март 2019, 11:52:50 am »
А инаку си бил под друга вооружена стража?