Заради заебанциите со руската виза, се утешивме со Португалија.
Синоќа се прибравме дома околу 3 сабајле, па уште ми зуи у главата, но деновиве ќе пуштам и фотографии. Сега само ќе кажам дека цела Португалија е автомобилски перверзии. Автопатиштата се горе-долу совршени, со редовни и коректно-чисти вециња и разни други содржини, а локалните патчиња се живописни, убаво обележани и без дупки. На човек да му ќеф да вози. бтњ после извозени околу 2000 км не видов никаде исшкртан или искршен знак покрај патот. Накратко кажано сигнализацијата и подлогата се секаде беспрекорни.

Возена такоречи нова (20.000км) нисан микра најнов модел со највисокото ниво на опрема (екрани, сензори за све и свашта, помагала...). На авопатиштата не доминира со масивна отменост и стабилност како кокошарникот, но за низ град е привлечно прчле кое со задоволство би го поседувал.
