Како што кажа Power to the people јас немам возено наеднаш над 500км, инаку за минато за една година имам 20 000км поминато... и не планирам да седам ден-два, сигурно ке биде 3-5 недели, плус ке искористам одмор до грчка, а не се ни брзаме и сакаме малце да просетаме. Знам дека не е баш исплатливо и нема да биде ефтино, ама можам да си дозволам и сакам да патувам. Сега некој совет што треба да имам во предвид? Пример, во Србија најдобро да сум сменил динари, почесто да сум одмарал...
Ако идеш преку Германија, дел од автопатите се без ограничувања, а дел се со работа на патот. Низ Германија немаш патни трошоци освен гориво.
Ако идеш преку Чешка-Словачка-Унгарија-Србија, рачунај дека имаш вињети (12 евра Чешка, 10 евра Словачка и околу 8 евра Унгарија. Од лично искуство би ти препорачал за Чешка и Унгарија да смениш пари, да не плаќаш у Евра).
Србија: првата мислам дека е околу 3 евра, па од Белград надоле е околу 7 евра и после Ниш е 1.5 евра. Би ти препорачал да плаќаш со картица, не да мењаш пари.
Ако ти е изводливо, поради убавината на околината и патиштата, би ти препорачал да одиш низ Австрија па Словенија. Во Австрија вињетата е 8.8 евра, во Словенија е 15. Рачунај дека низ Австрија би имал и тунеларини (од Салцбург накај Вилах-Ст. Михаил 11.5 евра и Караванке 7.5 евра). Ако ја тераш оваа тура, ќе имаш патарини низ Хрватска (0.8 евра + 16.22 евра. И за овие ти препорачувам картица).
Секако дека е препорачливо почесто да одмараш и да имаш уште еден возач со тебе.