Неееененене! Лошо размислувате. Значи увозот на коли ТРЕБА да биде слободен. Либерализација на трговијата е нешто на што сме се обврзале со трговски договори. Туку, да се запрашаме, зошто ги „фрлаат“ старите коли европејците? Зошто, за да вози Еуро 2 кола, наместо Еуро 5, има да го репнат на регистрација со еколошки давачки, да не знае глаата кај му е. И зошто?! За да вози крш што вреди помалку од годишна регистрација и технички преглед. И нормално - ке ја фрлииии..
Ее така треба и кај нас, репни ги со еколошка такса на годишно ниво, и тоа нешто како 300 евра за еуро 1, 200 за еуро 2 и 100 за еуро 3, покрај стандардните 150-200 евра за регистрација, па да видиме дали ќе се купуваат кршеви.