Не бе зошто да ве дупам
Крај на 80тите и почеток на 90тите пара имаше буквално насекаде, ако ви текнува народ плаќаше по 1-2000 марки за видео, останата ХиФи роба да не правиме муабет, еден Сони систем ладно се шиткаше за 10 илјади марки ако успееше да го скриеш на граница... Сосема поинакво време, пара се правеше буквално од ништо, доволно беше само желба и малку ум.
И тогаш 100 илјади марки и не беа големи пари поготово не за Мерцедес, обичните Е190 беа барем по 80/90 илјади. Сетете се само по колку стотици илјади марки имаше обичниот народ во ТАТ, барем по 200 илјади марки на штедна книшка...
Колку беше една плата, бар 3-4000 марки? Марката беше 7 динари, горивото 22 ми се чини?
Другарче мое имаше кафиќ по 20 илјади марки правеше петок/сабота секоја вечер посебно. Мој роднина имаше цвеќара само за 8ми март преку 50 илјади марки чисти ги правеше. Сосема друго време и сосема друго сфаќање. Имаше пари. Без проблем да побарав на заем 40-50 илјади марки од другар без збор ќе ги изброеше, а за 2 месеци можеше да се свртат барем 2 пати.
Средина на 90тите секнаа парите, девизите се заробија и ден денес не можеме да се оправиме од тој крах. Имаше еден краток период кога имаше огромна инфлација и тогаш се направија последните пари ми се чини и се од тогаш е живуркање. Јебига.