Автор Тема: Меѓународна Возачка Дозвола  (Прочитано 98366 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #255 на: 04 Мај 2016, 21:33:52 pm »
Врз основа на член 394 алинеја 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15 и 55/16), министерот за внатрешни работи донесе Правилник за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило.

Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на обрасците на барањата за издавање меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство.

Во правилникот стои:

Mеѓународна возачка дозвола

Барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола содржи:

– Барање за издавање на меѓународна возачка;
– назив на органот кој го издава барањето;
– податоци за подносителот на барањето;
– податоци од возачката дозвола (број, орган кој ја издава, датум на издавање, датум на важење, категорија за која дозволата важи и место за  запишување на времетраењето на прекршочната санкција и евентуално ограничување на дозволата);
– податоци од лична карта (број, орган кој ја издава и датум на издавање);
– датум и место на поднесување на барањето;
– потпис на подносителот на барањето;
– податоци од меѓународната возачка дозвола (орган кој ја издава, датум на издавање, сериски број на дозволата и категорија на возила за која се издава);
– потпис на возачот;
– потпис на службеното лице кое го примило барањето и
– прилог кон барањето.

Во прилог на барањето се приложува:

– важечка лична карта;
– важечка возачка дозвола;
– две фотографии 45x35mm;
– потврда од Министертвото за внатрешни работи за прекшочнаа санкција забрана за управување со моторно возило и
– доказ за извршена уплата.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #256 на: 05 Мај 2016, 08:03:42 am »
Во една моја средба со полиција во Германија, кога ми побараа возачка дозвола му дадов меѓународна. МИ рекоа: што е ова, дај ми дозвола. Му ја дадов возачката и се беше во ред. Не велам дека не треба да вадите или не вадите меѓународна, ова е само едно мое искуство.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #257 на: 05 Мај 2016, 08:23:18 am »
јас истото во Грција

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #258 на: 05 Мај 2016, 09:52:51 am »
Меѓинародната возачка ја приложуваш заедно со валидната возачка. Тоа некаде го пишува по тоа меѓународната, ако не грешам. Значи ако си решил да ја покажеш меѓународната - двете ги даваш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #259 на: 05 Мај 2016, 09:55:40 am »
Мене прошли пут не ми ја побараа, ми рекоа само дека не е дозволено да имам фолии на предни стакла :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #260 на: 05 Мај 2016, 09:56:54 am »
Не ја читаше меѓународната. Ми ја врати, регуларната ја прегледа и ми рече фала-лепо. А нели новиве дозволи што ги имаме се ЕУ компатибилни (биометриски) ? Следниот пат воопшто не приложувам меѓународен картон за јајца, само биометриската. Да видам реакции.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #261 на: 05 Мај 2016, 09:58:53 am »
Ѕитни некоја страна поназад ќе видиш цитат од МВР, или гуглај па оди на линкот од МВР, ќе ти каже каде (наводно) важат, каде не.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #262 на: 05 Мај 2016, 10:02:13 am »
Договори за возачки дозволи

Република Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со следниве држави:  Италија, Шпанија и  Албанија.

Исто така во завршна фаза се преговорите со Австрија за возачки дозволи од Б категорија, со Германија, Австралија, Нов Зеланд и Словенија за сите категории од возачката дозвола. Иницирано е  склучување на ваков договор и со соседна Србија.

 


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #263 на: 05 Мај 2016, 10:39:21 am »
Коа вев до Романија, па на враќање до Белград, никаде нит им понудив нит ми побараа меѓународна ... НО си ја имав за секоја случај :)

Патем, нит зелен картон не ми побараа :) Во Романија на излез, ми побараа вињета дали имам :) а за зелен не ни прашаа....

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #264 на: 05 Мај 2016, 10:48:57 am »
Мкд - Гер, преку Срб, Хр, Сло и Авс, нигде не побараа зелен картон, само пасоши :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #265 на: 05 Мај 2016, 11:20:14 am »
Нигде низ Европа не им треба зелен картон, затоа не им ни текнува да бараат. Цел лист А4 со еден куп текст на него, имаат и заборавено како изгледа.
Слично како со меѓународна возачка.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #266 на: 05 Мај 2016, 12:01:29 pm »
Ќе им текне ако направиш некоја глупост ... само тогаш ако немаш несакаш да знаеш колкави суми на оштета ќе плаќаш :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #267 на: 05 Мај 2016, 12:36:41 pm »
Ќе им текне ако направиш некоја глупост ... само тогаш ако немаш несакаш да знаеш колкави суми на оштета ќе плаќаш :)
баш така,меѓународна ќе ти треба ако не дај боже направите сообраќајка,тогаш најверојатно ќе ви пишат казна у најмала рака,за повеќе кој го знае.
Мој совет е да си извадите ако патувате во странство.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #268 на: 05 Мај 2016, 14:46:56 pm »
Ќе им текне ако направиш некоја глупост ... само тогаш ако немаш несакаш да знаеш колкави суми на оштета ќе плаќаш :)
баш така,меѓународназелен картон ќе ти треба ако не дај боже направите сообраќајка,тогаш најверојатно ќе ви пишат казна у најмала рака,за повеќе кој го знае.
Мој совет е да си извадите ако патувате во странство.

 ;)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #269 на: 05 Мај 2016, 14:49:31 pm »
Зелениот картон е башка, лошо е ако дојде полиција и побара меѓународна.

Не знам зошто да не се извади, ако веќе патуваш често во странство извади.