Да пуштам препорака во врска со вадење меѓународна возачка...
Вадете ја каде било освен во ПСС. 1000 денари да е поскапа во АМСМ, таму би си ја вадел, само да не стапнам уште еднаш кај овие дилајливе...
Три пати... ТРИ ЕБАНИ ПАТИ ја правеа дозволата за жена ми, и па не е како што треба, ама ај, се трпи некако. На мојата нема печат, приметив тек кога се прибрав дома.
Капаче, ми наплаќаат 1600 денара, ми даваат фискална и потврда за 800... И пази леба ти, уште ми се праи на два ипол фраерот, ми вика:
- „Па имаш од терминалот слипот дека е платено“.
- „Имам, ама имам фискална за 800 денара, не за 1600.“
- „Па добро де, тоа е...“
- „Не, не е тоа, пошто едноставно не е тоа.“
- „Фискална сакаш уште една?“
- „Да, фискална и потврда дека е платено.“
Правеше фаци, ама виде-не виде, ми даде уште една фискална и потврда. Прилично сум сигурен дека во понеделник (кога ќе морам да идам за да се испокарам за меѓународниве) ќе биде последен пат кога јас ќе припарам таму. Брука.