Автор Тема: Меѓународна Возачка Дозвола  (Прочитано 97943 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #495 на: 23 Јули 2024, 15:55:37 pm »
Апдејт - извадов пред повеќе од недела дена меѓународна во АМСМ. Прво сакаа да ме пратат до МВР за потврда со изговор дека од таму се вадела потврда, па кога реков "пријатно" ме повика вработената и ме праша дали ми е итно, па во 3 минути се заврши цела процедура. 50 денари за потврдата преку картица (морало така) и 950 денари за меѓународната. Сликчињата од матура завршија работа. Чисто за инфо да се знае дека може и така.

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #496 на: 25 Јули 2025, 18:13:29 pm »
Здраво,
Сакам да одам на одмор во Албанија, колата е на име на татко ми. Има зелен картон. Дали ми треба уште некој друг документ?

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #497 на: 25 Јули 2025, 19:19:11 pm »
Здраво,
Сакам да одам на одмор во Албанија, колата е на име на татко ми. Има зелен картон. Дали ми треба уште некој друг документ?
Дозвола за управување на туѓо моторно возило.
Потпис.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #498 на: 25 Јули 2025, 19:36:08 pm »
Здраво,
Сакам да одам на одмор во Албанија, колата е на име на татко ми. Има зелен картон. Дали ми треба уште некој друг документ?
Дозвола за управување на туѓо моторно возило.
550 денари во псс

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #499 на: 25 Јули 2025, 21:33:36 pm »
Полномошно на нотар брка работа? Нема Псс во Охрид

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #500 на: 25 Јули 2025, 22:31:20 pm »
Полномошно на нотар брка работа? Нема Псс во Охрид
Тоа само за низ Македонија важи. За во странство потребна е дозволата што ја спомнав погоре. Во неа пишува и бр. на пасош на ополномоштеното лице.

Јас така знам, еве другите нека дадат нивно мислење.
Потпис.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #501 на: 25 Јули 2025, 23:17:26 pm »
Вметни се во сообраќајна како косопственик и  ти, ќе те кошта цела процедура со вадење на нова сообраќајна евентуално стотка две плус, а ќе ти трае колку сообраќајната, мислам 6 години дека е наместо една година.
Обично по техничките центри го имаат и образецот на готово испечатен, ќе заштедиш да го пополниш сам, да не ти го куцаат на нотар и да ти земат пари за тоа. После со тој документ заверен на нотар одиш назад кај полицаецот на технички, ти вади нова собраќајна со двете имиња во неа и тоа е тоа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #502 на: 26 Јули 2025, 23:51:57 pm »
Полномошно на нотар брка работа? Нема Псс во Охрид

Авто Мото Друштво позади музичко, кај историскиот архив, таму извади дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство. Или, алтернатива, нова сообраќајна и пиши се на неа како косопственик.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #503 на: 18 Август 2025, 14:00:14 pm »
Дали може во друг град да извадам меѓународна ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #504 на: 18 Август 2025, 14:33:48 pm »
Би требало, ако ја имаш потврдата од МВР.

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #505 на: 18 Август 2025, 14:34:43 pm »
Напомена дека потврдата важела само истиот ден.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #506 на: 18 Август 2025, 14:36:08 pm »
Од кога тоа?

Битола ти ја даваат со поминат датум.  ;D

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #507 на: 18 Август 2025, 14:48:48 pm »
Не знам од кога.
Куманово ме вратија за нова потврда, 1 ден беше разлика.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #508 на: 18 Август 2025, 16:26:04 pm »
Нема везе најдов технички кај шо остана после 2 џандарот завршив работа. Иначе не треба никаква потврда, две слики само, во самиот технички проверуваат за активна забрана.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #509 на: 19 Август 2025, 00:27:13 am »
Вметни се во сообраќајна како косопственик и  ти, ќе те кошта цела процедура со вадење на нова сообраќајна евентуално стотка две плус, а ќе ти трае колку сообраќајната, мислам 6 години дека е наместо една година.
Обично по техничките центри го имаат и образецот на готово испечатен, ќе заштедиш да го пополниш сам, да не ти го куцаат на нотар и да ти земат пари за тоа. После со тој документ заверен на нотар одиш назад кај полицаецот на технички, ти вади нова собраќајна со двете имиња во неа и тоа е тоа.

@vladic3110 Од кога е ова можно? Порано (пред 30-тина години) не можеше да се регистрира возило на два сопственика...